Само за кликови: Јутјубер лажирал скршеница на ногата за да добие карта за прва класа во авион
Обожавателите и следбениците сега го нарекуваат измамник, губитник...
Австралискиот јутјубер Џејми Жу ги разбесни своите обожаватели по објавеното видео во кои лажира повреда за да може да лета со бизнис класа. Овој 20 - годишник видеото го започна видеото „Како џабе да летата со бизнис класа“ со објаснување дека го очекува многу долг меѓународен лет.
На видеото е прикажано како во една продавница купува „чизма“ за имобилизација на повредена нога, која ја носи за да создаде илузија дека има скршеница. Потоа се качи во авионот и се пожали дека ногата не може да му стои помеѓу седиштата од економската класа.
Џејми ја праша стјуардесата дали би можела да го премести на друго седиште, по што следува кадар во кој јутјуберот се смее во камерата, седејќи во бизнис класа, додека персоналот го известува дека следува послужување.
Некои од оние кои го погледнаа видео се посомневаа дека станува збор за шега и дека Џејми цело време има карти за бизнис класа, но јутјуберот подоцна во една телевизиска емисија ја потврди веродостојноста на видеото.
Штом се најде во бизнис класа, Џејми ја соблече „чизмата“, уживајќи во благодетите на раскошните услоги. Ни самиот не можел да си поверува дека оваа измама му поминала добро, иако неговите фановите не беа импресионирани, пишува UNILAD.
Следуваше лавина од коментари во кои јутјуберот го нарекуваа циција, измамник и неискрен. Гледачите истакнаа дека тоа што Џејми Жу го направи подразбира злоупотреба на услугите и дека оштетил некој на кој ваквата помош навистина би му била потребна.
Јутјуберот се огради од обвинувањата, а на критичарите им порача да научат што е тоа шега!