Samsung и Microsoft го претставуваат првото решение за автентикација на уред за деловни корисници

Samsung и Microsoft го претставуваат првото решение за автентикација на уред за деловни корисници

Објавена во: После „Школо“ // PR

Компанијата Samsung Electronics, во партнерство со компанијата Microsoft, го најави првиот чекор од планот за зголемување на безбедноста на мобилните уреди за деловните корисници. Оваа соработка доведе до првото решение за автениткација на уред поддржанa од мобилен хардвер што работи подеднакво добро на деловни и уреди во приватна сопственост.

Автениткацијата на уредот може да помогне во зачувувањето на идентитетот и здравјето на уредот со тоа што ќе потврди дека тој не е компримитиран. Автентикацијата на уредот поддржана од мобилен хардвер - достапно на уредите Samsung Galaxy[1] и комбинирано со заштитата на Microsoft Intune - сега нуди зголемена безбедност и флексибилност. За компаниите, ова е дополнително ниво на заштита од компромитирани уреди кои лажно известуваат дека се познати и здрави и на тој начин добиваат пристап до чувствителни деловни податоци. Дополнително, организациите сега ќе можат да им овозможат на своите вработени да ги носат сопствените уреди на работа и да бидат сигурни дека се заштитени со исто ниво на безбедност како уредите во сопственост на компанијата. За вработените, ова значи дополнителна флексибилност со нивните лични Galaxy уреди кои можат безбедно да пристапат до работната средина.

Заедно, Samsung и Microsoft се наоѓаат во единствена позиција да го овозможат ова. Безбедносната платформа Samsung Knox е стара 10 години. За тоа време Samsung Knox е активиран на преку милијарда Samsung Galaxy уреди. Тоа се преку 30.000 компании на 110 пазари кои се потпираат на Samsung Knox за заштита на своите уреди од потенцијален сајбер напад. Microsoft е лидер во индустријата по својот придонес на пазарот за софтвер за унифицирано управување со крајни точки[3> и нуди сеопфатни безбедносни решенија за различни видови Cloud-сервери и платформи кои интегрираат разични категории на безбедност, усогласеност, идентитет, управување со уред и приватност на основа на преку 65 трилиони сигнали за закана дневно.[4] Благодарејќи на ова партнерство, првата автентикација на уреди поддржана од мобилен софтвер ги поврзува корисникот и светот на работата и им овозможува на луѓето безбедно да ги донесат своите уреди на работа.

Флексибилност за компаниите и крајните корисници

Автентикацијата на уредите со поддршка на мобилен софтвер и Intune им обезбедува силна заштита на IT менаџерите во компаниите за сите работни потреби без да влијае на корисничкото искуство. Со оваа интеграција, дури и организациите со строги регулативи можат да усвојат политики со кои ќе им дозволат на вработените да ги носат сопствените уреди на работа со ова дополнително ниво на заштита на Samsung уредите кои голем број на корисници и професионалци ги користат за работа.

Ова заедничко решение на компаниите Samsung и Microsoft функционира и на службените и на приватните уреди без оглед во чија сопственост се. [5> Стандардната автентикација на уредите главно функционира на службените уреди бидејќи е базирано на сервер и бара мрежно поврзување, што значи дека целиот уред мора да биде регистриран во корпоративниот систем.Ова ја зголемува продуктивноста на работниците, обезбедува подобри искуства за корисниците и го поедноставува администрирањето.

„Водечките хардверски и софтверски решенија на Samsung во индустријата, комбинирани со моќта на решенијата Microsoft Cloud и Intune, нè ставаат во единствена позиција да понудиме сеопфатни способности за спречување сложени сајбер напади и унапредување на безбедносното држење на моделот Zero Trust“, рече Мајкл Волент, корпоративен потпретседател за управување со безбедноста во Microsoft. „Преку ова партнерство, ние сме посветени на континуирани иновации кои ќе им овозможат на организациите кои најмногу се грижат за безбедноста да ја имаат најдобрата можна заштита на мобилните уреди.

За повеќе детали посетете ја веб-страницата https://aka.ms/KnoxIntuneAttestation.

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизори, паметни телефони, уреди за носење, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи, кастинг и LED решенија. За најновите вести, посетете ја прес-салата на Samsung на http://news.samsung.com.


[1> Поддржано на одредени Samsung Galaxy паметни телефони и таблети, вклучувајќи ги и уредите „Security by Knox“ со Android OS 10 или понова верзија. Уредите мора да работат со Android OS 9 или понова верзија во моментот на лансирањето.

[2] „Подобрување на националната сајбер безбедност“, Извршна наредба бр. 14028, 86 ФЕД. Рег. 26633 (17 мај 2021) https://www.whitehouse.gov/briefing-room/presidential-actions/2021/05/12/executive-order-on-improving-the-nations-cybersecurity/ и Јанг, Шаланда Д. „Давање на американската влада кон принципи за сајбер-безбедност со нулта доверба“, Бела куќа, Меморандум бр. M-22-09, 26 јануари 2022 година https://www.whitehouse.gov/wp-content/uploads/2022/01/M-22-09.pdf

[3] Извор: Worldwide Unified Endpoint Management Software Market Shares, 2022: A Tactical Management Tool Evolves into Strategic Data Platform - Printer-friendly - US50467223 (idc.com)

[4] Извештај за заработката на Microsoft Q2 2022 година. https://www.microsoft.com/en-us/investor/earnings/FY-2022-Q2/press-release-webcast

[5] Автениткацијата на уредот поддржана од мобилен софтвер, заснована на политиката за хардверот Samsung Knox и апликацијата Microsoft Intune, е компатибилна и со системите за управување со мобилни уреди (MDM) и за управување со мобилни апликации (MAM), за употреба на уреди во сопственост на компанијата, како и на уреди во лична сопственост.

ПР објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: