Samsung soundbar звучници број 1 во светот веќе 9 години

Samsung soundbar звучници број 1 во светот веќе 9 години

Објавена во: После „Школо“ // PR

Компанијата Samsung Electronics е препознаена како лидер на глобалниот пазар на звучници според податоците од фирмата за истражување на пазарот FutureSource Consulting. Новиот извештај објавен на 28-ми февруари наведува дека Samsung е број еден на пазарот на soundbar звучници деветта година по ред, со пазарен удел од 20,2 проценти и удел во обемот на продажба во индустријата од 18,4 проценти во 2022 година.

Samsung soundbar звучниците, вклучувајќи ја и врвната Q серија, се резултат на стручна изработка и фино подесување, и се карактеризираат со моќен и импресивен квалитет на звукот, подобрена компатибилност со ТВ уреди и елегантен и модерен дизајн. Функциите како што се прилагодување назвукоткон просторот се пофалени од корисниците и од експертите бидејќи го калибрираат звукот за да одговара на акустичните својства на секој простор за уникатно звучно искуство.

Дека Samsung soundbar звучниците ги воодушевија експертите и критичарите, потврдува и фактот што AVForums го избра моделот HW-Q990B за најдобар во класата за 2022 година, а Newsweek коментираше дека моделот HW-S800B „создава импресивен звук што ја исполнува целата просторија“ во такви компактна форма.

Оваа година, Samsung ја крева својата линија на soundbar звучници на уште повисоко ниво со совршен кинематографски звук и врвни аудио функции кои ги освојуваат срцата на корисниците и љубителите на домашно кино.

Моделот Samsung HW-Q990C е водечкиsoundbar звучник од серијата Q со импресивен звук од 11.1.4 канали и Dolby Atmos аудио. Доаѓа со најновата функција Q-Symphony 3.0, која ги анализира и обработува гласовните канали и аудио елементите за да добие совршено синхронизиран звук на сите ТВ и soundbar звучници. Поседува и SpaceFit Sound Pro функција, која ги калибрира звуците за да одговараат на акустичните својства на секој простор, како и Game Mode Pro функција, која ги оптимизира звуците според  жанр за уште повеордостојна реалност при гејминг преку Samsung Gaming Hub.

„Samsung е посветен на понудата за најдобра домашна забава во индустријата што ги задоволува се поголемите потребите на нашите корисници“, рече Чиолџи Ким, извршен потпретседател за Визуелни уреди во компанијата Samsung Electronics. „Samsung soundbar звучниците совршено се совпаѓаат со телевизорите на Samsung и го претставуваат врвот на филмскиот звук со паметни аудио функции и подобрена поврзаност“.

Според податоците на компанијата Futuresource, глобалниот пазар на soundbar звучници, кој бележи постојан раст од околу 5,7 отсто во последните три години, оствари продажба од 23,16 милиони единици во 2022 година, и се очекува да достигне продажба од 26 милиони единици до 2025 година. години.

За повеќе информации посетете ја страницата www.samsung.com

*ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: