Сара Џесика Паркер за прв пат ги покажа своите деца: Актерката е горда мајка на тројца ученици (ФОТО)
Актерката, позната по улогата на Кери Бредшо, за прв пат ги покажа своите деца, а тоа не го прави често.
Сара Џесика Паркер, актерка позната по улогата на Кери Бредшо во серијата „Сексот и градот“, е мајка на три деца.
Постариот син Џејмс има 18 години, а ќерките близначки по 12 години.
Не сака да ги покажува своите деца во јавност, а нивните лица ретко ги гледаме на социјалните мрежи.
Сепак, оваа актерка како и секоја мајка е многу горда на своите деца и во една прилика објави фотка од сите тројца, но не ги откри нивните ликови.
„Во рок од 7 дена, едниот почнува прва година на факултет, а другите две 7-мо одделение. Нашата куќа е поинаква. Ние сме различни. Ним им требаме повеќе, но всушност помалку“, напиша Сара.
извор:najzena