Сара Мејс и малата Илина ги украсија елките: Тато Димитар откри дека им плаќа со колачи (ФОТО)
Празничната магија е насекаде околу нас...
Со почетокот на декември празничното лудило влезе во сите домови. Сите веќе почнаа да го украсуваат домот и да ги китат новогодишните елки. Ништо поразлични не се ниту познатите личности, како од Македонија, така и од целиот свет.
Досега имавме можност да ги видиме украсените домови на многу познати личност, а изминатиот викенд во „акција“ беа пуштени и пејачката Сара Мејс и нејзината ќерка Илина.
Мама Сара откри дека малата Илина била задолжена за малата елка, која се наоѓа во нејзината соба и која мора да признаеме дека девојчето одлично си ја завршило работата.
Но, за онаа големата, која ја краси нивната дневна соба, беа задолжени и двете, а тоа го потврди и тато Димитар. Имено, на својот Инстаграм профил сподели стори на кое ги улови мајката и ќерката додека одмараат.
„Е овие двеве... што китат најубави елки. И плата зимаат во колачи“ - напиша Димитар на сторито.
Секако, дека со своите обожаватели Сара ја сподели и украсената елка и потврди дека зборовите кои ги напиша Димитар се навистина точни. Нивната елка изгледа прекрасно.
фото: Принтскрин / Инстаграм