Се договоривме да ми отсвириш некој чочек на свадба, но не било пишано: Лазаров со емотивни зборови се прости од Ферус (ФОТО)
Лазаров со емотивни зборови се прости од Ферус...
Кралот на саксафонот, легендарниот Ферус Мустафов почина. Веста за неговата смрт со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи, каде неговото семејство, пријатели и колеги се простуваат од него.
Еден од нив е и познатиот јутјубер Стефан Лазаров. Токму тој имаше можност да го му направи едно од последните интервјуа на Ферус. Имено, кралот на саксафонот беше гостин во првиот подкаст на Стефан.
Во тој подкаст, Ферус раскажуваше за своето детство, младост, својата музичка кариера, соработките со познатите музички имиња, за своето семејство, а низ солзи зборуваше и за маестро Милан Завков, на кој сега му се придружи во вечноста.
„Почивај во мир голем човеку... се договоривме да ми отсвириш некој чочек на свадба, но не било пишано. Твоите дела ќе живеат вечно“ - напиша Лазаров покрај фотографијата на која е направена за време на снимањето на подкастот во кој легендарниот Ферус му беше гостин.
фото: Принтскрин / Инстаграм