Се изолираше од сите: Џастин Бибер во депресија?
Фановите загрижени за неговото ментално здравје
Според странските медиуми, поп-sвездата Џастин Бибер бил фотографиран како го минува саботното попладне во близина на плажа во Лос Анџелес. Американските медиуми наведуваат дека тој бил целосно сам, како и дека побарал од неговото обезбедување да го остави да се одмори од сите.
Според нивните тврдења, тој поминал неколку часа лежејќи на карпите и гледајќи во морето. Популарниот пејач носеше црн дуксер и жолти панталони, а случајните минувачи не го препознаа веднаш. Тој, наводно, не комуницирал со никого, и по повеќе од три часа, сепак, решил да се врати дома.
Со оглед на признанието што го даде во епизодите на неговиот документарен филм „Промени“ на почетокот на годината, Бибер изгледа депресивно, пренесуваат американските медиуми.
Фановите се загрижени за неговото ментално здравје, но и за неговиот брак со манекенката Хејли Бибер. Од почетокот на нивната врска се сомнева дека врската е на разнишани нозе.
Фото: Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
Која песна на Џастин Бибер го опишува твојот љубовен живот според хороскопскиот знак?