Се мажи ќерката на Доналд Трамп: Гламурозна моминска вечер на имотот на нејзиниот татко! (ФОТО)
Иванка Трамп беше главен гостин
Тифани Трамп, ќерката на Доналд Трамп кој најави враќање на политичката сцена и Марла Мејплс, за неколку дена на триесет години ќе се омажи за милијардерот Мајкл Булос. Ќерката на поранешниот претседател на САД организираше прослава во пресрет на најважниот ден во нејзиниот живот, на која присуствуваа и нејзината полусестра Иванка, Ерика и снаата на вториот брат на Доналд Џуниор, Кимберли.
Забавата се организираше во Мајами, на само неколку километри од имотот на нејзиниот татко „Мар-а-Лаго“ на Флорида, каде таа и младоженецот ќе одржат свадбена прослава на 12-ти ноември, пишува „Дејли мејл“.
Неколку гости на идната невеста споделија моменти од моминската вечер на социјалните мрежи. Судејќи според објавите, Тифани за оваа пригода облекла бел фустан од тантела, додека останатите девојки носелефустани со цветови. Меѓу нив беше и Иванка Трамп.
Тифани и Мајкл се во врска од 2018-та година, а се верија во април 2021-ва. Прстенот за наследничката на Трамп чинеше неверојатни милион и двесте илјади евра. Двојката се вери во градината на Белата куќа во последните денови од мандатот на поранешниот претседател.
Странските медиуми пишуваат дека на свадбата наводно ќе има повеќе од 500 гости.
Булос е наследник на нигерискиот конгломерат „Boulos Enterprises“ тежок повеќе милијарди долари. Роден е во Либан, а пораснал во Нигерија. Се преселил во САД по средбата со Тифани. Активен е на социјалните мрежи - 45 илјади луѓе го следат само на Инстаграм.
Извор: 24sedam.rs