Се огласи сестрата на ТикТокерката: Откри за што започнала кавгата по која сопругот брутално ја претепал
Сара додава и дека по инцидентот никој од семејството на сопругот не ја контактирал...
Откако популарната ТикТокерка Уна Каблар објави на својот Инстаграм профил дека нејзината сестра, но и детето од два месеци, вчеравечер доживеале стравично физичко насилство, се огласи и Сара и откри поради што маж ѝ брутално ја претепал.
„Маж ме претепа поради кавгата, која, како и секо пат, изби околу неговата мајка. Неговата мајка се мешаше во нашиот однос, често го наговараше против мене и мојата мајка, пречудно се однесуваше коннего. Се каравме со денови, а вчера ми ја удри главата во плочки.
Мајката на Дамјан често го советуваше како да се однесува кон мене, како да ѝ пречи тоа што има сопруга и дете. Тој вчера во текот на нашата кавга почна да го навредува моето семејство, па му возвратив и искоментирав нешто за неговата мајка. Почна да ме брка, да ме дави низ станот, а потоа ме фрли на плочките и ми ја удираше главата од нив“ - ја почна својата исповед повредената девојка.
Сара Х. додава и дека по инцидентот никој од семејството на сопругот не ја контактирал.
„Тие дојдоа пред болницата и го бранеа синот, неговата мајка повторуваше: „Мојот син не би го направил тоа“. Викаше на мојата мајка, дури и ѕвонеше и на телефон и ѝ повторуваше дека нејзиниот син не би го направил тоа.“
Како што кажува, сопругот, со кој е во брак од февруари оваа година, тука не сопрел.
„Најмалку 15 пати ми удараше во главата додека не се онесвестив“ - наведе Сара.
Таа објаснува дека вакво нешто никогаш не се случило.
„Се случуваше во текот на кавга да ме турне, но никогаш не сум имала никакви повреди. Причината за нашите кавги секогаш беше неговата мајка“ - раскажа Сара на српските медиуми.
Во текот на вечерта на Сара ѝ биле направени низа прегледи, како и скенирање.
„Нашето бебе исто така има модринки, а никогаш не се ни посомневав дека би можел да ѝ наштети. Мислам дека тие модринки настанел ден порано, додека ја лулаше, бидејќи многу плачеше и беше нервозна. Дамјан исто така беше нервозен и додека ја лулаше таа неколку пати заплака посилно. Тогаш ништо не ми беше сомнително, бидејќи бебето често поради грчевите заплакува, но сега се сомневам дека ја стискал за задникот. Имаше повреди, задникот ѝ беше црн“ - раскажа девојката за „Курир“.
фото: Принтскрин / Инстаграм