Се огласи таткото на Бака Прасе: Свештеникот кажа што мисли за конфликтот за кој сите зборуваат

Се огласи таткото на Бака Прасе: Свештеникот кажа што мисли за конфликтот за кој сите зборуваат

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Свештеникот објави поддршка на Фејсбук...

Таткото на познатиот јујтубер, инаку старешина во православната црква во Амстердам, Ненад Илиќ, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук по повеќедневната „војна“ која неговиот син Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, ја води со сопственикот на телевизијата Пинк, Жељко Митровиќ.

Митровиќ во текот на викендот, гостуваше во утринската програма на својата телевизија и објави дека подготвува документарец за младиот јутјубер, а сега реагираше и свештеникот кој му даде поддршка на својот син. Неговата објава, ви ја пренесуваме во целост:

„Се сеќавате ли, можеби на оние кои имаат малку повеќе искуство и меморија, на оние радио емисии со поздрави и честитки?

Одење во војска, роденден, свадба... И сега, во недела попладне, ќе им пуштам песна на другарите за поддршка на мојот син.

Пинк Флојд, „Shine On You Crazy Diamond“ или во превод „Блескај ти луд дијамнту“. Никогаш не сум бил дефиниран жанровски, ниту рокер, ниту џезер, ниту фолк... Но, ова е сега песна за него. Најверојатно е бавна за него, бидејќи тој има брзина и енергија како таа нуклеарна централа во Запорожје, која скотовите ја бомбардираат.

Без оглед на причината, дали е голема или банална, „случајна“, а под божјата капа ништо не е случајно, тој влегов во невозможен потфат. Самиот да се справи со фабриката на злото. Се обидов да одговоран, но не вреди. Кога некој го уценува или му се заканува, тој го вклучува копчето. Како јас кога бев млад.

Богдан, сине, за доброто на сите нас, кога веќе си навлегол во тоа - треба да победиш. Заблескај сите со твојата глупава искреност против грозните господари на лагите. Ти не си херој како Милош, и самиот го знаеш тоа и ги признаваш своите мани и слабости, но ако немаме подобар од тебе да им застане на патот на никаквеците - ти си најдобар“ - напиша таткото на јутјуберот.


фото: Принтскрин / Фејсбук

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: