Се омажи ѕвездата од серијата „Бунтовници“, промени две венчаници: По неуспешната врска со Вилијам Леви, еве кој го украде нејзиното срце
Хит серијата Бунтовници им беше омилена на тинејџерите, а поради големиот успех прослави многу актери.
Ребелде или Бунтовници беше една од најпопуларните серии, а истоимената музичка група имаше огромна публика ширум светот. Една од актерките која се прослави во оваа серија беше Мајте Перони.
Актерката со италијанско-баскиско потекло, која е родена во Мексико Сити, денес има 39 години и се омажи за човекот на својот живот. По познатата серија, таа имаше позабележителни улоги во латиноамериканските теленовели, а една од нејзините попознати улоги е улогата на Маричуи во теленовелата Напуштен ангел во која глумеше со Вилијам Леви. За време на снимањето меѓу нив имаше искри, па решија да влезат во емотивна врска. Иако многумина сакаа двајцата да останат заедно, љубовта пукна под притисокот на јавноста и неговите прељубнички афери.
Сега Мајте се омажи во Мексико за ТВ продуцентот Андрес Товар, а фотографијата на која позираат среќни и насмеани ја сподели на Инстаграм, каде ја следат околу 11 милиони луѓе.
Вистинска сензација настана за време на прославата кога нејзините колеги актери од серијата Бунтовници заедно ја испеаја песната која стана голем хит, а очигледно и денес не е заборавена.
Маите имаше две венчаници за свадбената пригода.
Првата венчаница е исткаена со мотиви од тантела, додека долниот дел од венчаницата е украсен со долг тул, кој има шлиц на страна, додека велот и дава посебен шмек.
Вториот фустан е малку поскромен и го носеше на официјалниот дел од венчавката.
фото:profimedia
фото:profimediaВо еден момент таа носеше и кожена јакна преку венчаницата.
Инаку серијата „Бунтовници“ се емитуваше од 2004 до 2006 година. Мајте го толкуваше ликот на Гвадалупе Лупита Фернандез Агире.
извор:GLOSSY/stil.kurir