Се оствари желбата на девојката што го расплака Балканот: Мирсада за првтпат го виде морето!
Приказната за 16 - годишната Мирсада Хаџиќ ја крена на нозе цела Хрватска. Вози трактор, се грижи за кравите, коњите. Нема избор, бидејќи татко и е болен, а мајка и не може сама да постигне сѐ.
Она што оваа девојка ја издвојува од другите е тоа што таа во својата жртва за семејството не гледа ништо посебно. Приказната за оваа девојка ја објави емисијата „Провјерено“, а единствената желба на оваа млада девојка беше да го види морето.
„Таа започна да плаче. Ја прашаа што е нејзината желба. Им кажа дека има желба да оди на море, да го види песокот, да го види морето, бидејќи никогаш не била на море“ - раскажува Хамида, мајката на Мирсада.
По објавувањето на приказната се јавија луѓе кои на Мирсада и семејството им уплатиле летување во Макарска и ѝ ветиле дека од сега секоја година ќе ја носат на некое летување.
На својот профил на Инстаграм, Мирсада објави две фотографии од море и покажа како денес добрината на луѓето и понатаму е сила која може да оствари многу желби.