Се откажа од настапите, но од пеењето не: Антониа Гиговска со кавер на еден од најголемите хитови на Жељко Јоксимовиќ (ВИДЕО)
Бременоста не ѝ претставува пречка да ги покаже раскошните вокални способности...
Младата пејачката Антониа Гиговска ги изненади своите обожаватели на денот на својот роденден со веста дека е бремена. Таа и нејзиниот вереник, музичарот Роберт Спасенцовски за некој месец ќе се остварат во улогата на родителите.
По објавувањето на среќните вести, идната мајка со обожавателите сподели уште една информација. Имено, таа откри дека ќе оди на заслужен одмор и дека ќе се повлече од јавната сцена.
Оваа одлука малку ги растажи нејзините обожаватели, со оглед на тоа што нема да можат да уживаат во нејзините настапи во живо, но сега таа ги почести со еден кавер и откри дека музиката ја нема запоставено во бременоста.
Антониа објави кавер на еден од најголемите хитови на Жељко Јоксимовиќ и даде свој печат на песната „Леѓа о леѓа“. Видеото го објави на својот ТикТок профил, каде доби безброј комплименти на сметка на својот раскошен вокал.
Како звучи идната мајка во бременоста, слушнете во продолжение:
@antoniagigovska original sound - antoniagigovska
фото: Принтскрин / ТикТок