Се повлекувам, борбата со ракот се влоши: Емотивна објава на пејачката која го расплака светот на аудицијата за America's Got Talent
30-годишна пејачка Џејн Марцевски, со уметничко име Nightbirde, која го допре жирито и гледачите на шоуто America's Got Talent, со емотивна изведба на својата оригинална песна „It's OK“, на сцената во јуни оваа година, и откако раскажа за нејзината борба со ракот, сега објави на нејзиниот Инстаграм профил дека се повлекува од натпреварувањето поради влошување на состојбата поради болеста.
„Споделувањето на моето срце со светот беше чест и остварување на сонот. Болката низ која поминав се претвори во убавина што ги тера луѓето ширум светот да ги отворат очите широко", започна таа.
„После аудицијата, моето здравје се влоши и борбата против ракот ја бара сета моја енергија и внимание. Жал ми е што морам да објавам дека нема да можам да продолжам да бидам дел од оваа сезона на AGT. Животот не секогаш дава одмор на оние кои го заслужуваат тоа...“.
„Ви благодарам за поддршката, ми значи цел свет. Останете со мене, наскоро ќе бидам подобра. Ја планирам својата иднина... Депресивна сум, но се уште имам соништа", заклучи таа.
Лекарите ѝ рекле дека има само два проценти шанса да преживее, но Џејн е оптимист.
„Важно е сите да знаат дека сум многу повеќе од лошите работи што ми се случуваат. Два проценти не се нула. Два проценти се нешто", рече Џејн.
извор: index.hr