Се сеќавате ли на бебето со најбујна коса на светот? Сега има 4 години, а за коса како нејзината мечтаат и најубавите жени на светот

Се сеќавате ли на бебето со најбујна коса на светот? Сега има 4 години, а за коса како нејзината мечтаат и најубавите жени на светот

Објавена во: Мода // Moj стил

Се сеќавате ли на Чанко, бебето со најгуста и најдолга коса на светот? Оваа мала Јапонка стана ѕвезда уште во 2018 година, практично уште по самото раѓање, а сѐ благодарение на огромната количина густа, црна коса.

Нејзината мајка набрзо реши да ѝ отвори посебен Инстаграм профил, каде секојдневно споделуваше фотографии од нејзините, симпатични фирзури. Уште во 2019 година, профилот имаше повеќе од 300.000 следбеници.

Чанко денес има 4 години, и понатаму е популарна, а светот може да ги следи нејзините авантури и на Твитер и Јутјуб. Секако - сѐ уште ја краси нејзиниот заштитен знак - неверојатно бујната и долга коса.

Интересно е што девојчето уште како бебе заработуваше многу пари, снимајќи реклами за шампони, препарати за коса и фенови, а и ден денес има многу деловни ангажмани.




Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: