Се сеќавате на нив две? Софија Грејс и Рози беа хит! Денес тие се тинејџери и еве како изгледаат
Нема шанси да не ги
познавате овие две девојки
Софија Грејс и Рози се две братучетки кои станаа вирален хит, вистинска интернет сензација, откако гостуваа во „Шоуто на Елен Деџенерис“. Откако продуцентите на серијата случајно налетаа на нивната изведба на песната „Супер бас“ нс Ники Минаж, знаеја дека мора да ги букираат како гости.
И така овие две девојчиња, тогаш на 5 и 7 години, станаа многу популарни. Сите знаеја кои се тие. Не би поверувале, но тоа беше пред 10 години. Тие денес се тинејџери и имаат 15 и 18 години, пишува Just Jared Jr. Нивниот настап е апсолутен хит, а дури и самата Ники Минаж им се придружи и ја отпеа својата хит песна со нив.
Тоа видео до денес го погледнале речиси 146 милиони луѓе! Софија и Рози се тотално преслатки, а кога ќе видите колку години имаат, следува шок затоа што никој не веруваше дека оттогаш поминало толку време.
Софија Грејс денес има 18, а Рози 15. Бидејќи се братучеди, редовно се гледаат, а за празниците објавија и неколку заеднички фотографии. Иако повеќе не се во центарот на вниманието како пред 10 години, Роузи се‘ уште се занимава со музика и неодамна објави нова песна, а Софија Грејс лансираше сопствен бренд за облека „LoLoLondon“.
Фото: Инстаграм
Видео: Youtube