Се шегувале со неа дека има најмали гради на светот: Нејзиниот одговор е инспирација за сите девојки со тој проблем

Се шегувале со неа дека има најмали гради на светот: Нејзиниот одговор е инспирација за сите девојки со тој проблем

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Немаш големи гради? Па што ако!

Отсекогаш желба на девојките им е да имаат што поголеми гради, а оние кои се рамни, се нервираат поради тоа. Кога ќе видиш колку оваа девојка е рамна, твоите гради ќе ти изгледаат прилично големи. Поради ова, сите се шегувале постојано со неа, а потоа таа им одговори со видео кое стана вирално.

Да имате мали гради не е најлошата работа на светот и со многу причини оваа девојка ќе ти објасни зошто. Без разлика дали имаш мали или големи гради, секогаш ќе имаш некои предности и недостатоци, зошто ниту едно не е совршено. Малите гради можеби ќе бидат „проблематични“, бидејќи облеката на тој дел од телото нема да ти стои како на моделите или ќе се чувствуваш помалку привлечно за спротивниот пол, но девојките со мали гради имаат многу предности. 

Со оваа девојка сите се шегувале дека има најмали гради на светот, бидејќи навистина е рамна, но нејзиниот одговор на ваквите коментари го даде во облик на видео во кое објасни зошто е супер тоа што има мали гради. Нејзиниот одговор треба да го види секоја девојка која смета дека има премали гради.


Причините кои ги наброи зошто е добро да имате мали гради се:

# Можеш да ја носиш било која маица или фустан, без страв дека ќе ти излезат градите.

# Можеш да скокаш без ништо да те боли или да ти пречи.

# И да трчаш! Без да мора да ги држиш градите.

# Да лежиш на стомак без ништо да ти пречи.

# Не мора да се грижиш дека градите ќе ти се обесат до пупакот кога ќе остареш.

# Немаш болки во грбот.

# Не мора да трошиш многу пари за градници, бидејќи навистина не ти се потребни.

Сепак, не е толку лошо да се има мали гради, зошто и тоа има многу предности.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: