Се шушкаше за него и Сања Вучиќ: Како девојката на Дамијан Давид го искоментира настапот на „Ураганките“ на Евровизија?
Најголемото музичкото натпреварување во Европа, Евровизија, кое минатата година се одржа во Ротердам, Холандија го одбележаа симпатиите на српската пејачка и италијанскиот претставник...
Српската пејачка Сања Вучиќ од „Hurricane“, не криеше дека ѝ се допаѓа неколку години помладиот Дамијан Давид, фронтменот на италијанската група Манескин.
„Тој е преубав маж. Да бидам искрена, сама сум... Прекрасен е... Ќе престанам да зборувам... Всушност, би се омажила за него, но тој е шест години помлад од мене“ - низ смеа кажа Сања за „Wiwibloggs“.
Од моментот кога Сања на Инстаграм сподели фотографија на која позира со Дамијан, социјалните мрежи експлодираа и обожавателите на Евровизија не престанаа да пишуваат за нивните симпатии. Сепак, се испостави дека Италијанецот има девојак, а станува збор за познатата инфлуенсерка Џорџа Солери.
Таа не се огласуваше по повод пишувањата на светските медиуми за наводните симпатии помеѓу пејачот и Сања, но на оние кои ја следат на Твитер им падна во око Џорџа не ги прескокна претставничките на Србија кога ги коментираше настапите на Евровизија за време на финалната вечер.
„Не ми се допаѓа ова... Но, нивната луда енергија ме тера да станам и танцувам! Секогаш сум обожавател доколку постои комбинезон што светка“ - напиша таа.
Нејзините следбеници коментираа дека српските претставнички потсетуваат на британската група Little Mix, но и на сестрите Кардашијан, но Џорџа не сакаше да даде одговор на тие коментири.