Се вратила во училишните клупи: Северина поради новиот албум се запишала на часови по пеење

Се вратила во училишните клупи: Северина поради новиот албум се запишала на часови по пеење

Објавена во: Живот // Живот

Северина Којиќ се запишала на часови по пеење поради новиот албум

Хрватската музичка ѕвезда се вратила во училишните клупи за да го утврди знаењето, бидејќи подолго од една година никаде не настапувала поради пандемијата на коронавирусот.

„Се запишав на часови по пеење! Веќе шест месеци го вежбам гласот со професор по мзуика за да успеам да ги отпеам песните на новиот албум, кои воопшто не се лесни. Голем перфекционист сум и сакам да звучи совршено. Без мака нема наука“ - вели пејачката.

Та аобјаснува што ја натерало по бројните хитови и три децении на музичката сцена да се врати во училиште.

„Сакам да се усовршувам и напредувам, а короната е вистински момент за тоа, бидејќи имам време да се посветам на себе. За да ги снимам песните кои ми се допаѓаат, морам да совладам некои нови техники на пеење. Исто така, многу работи кои сум ги учела во средното музичко училиште со текот на времето ги имам заборавено. Затоа секој ден имам мелодиски вежби“ - зборува Северина и додава дека на часовите ги изведува и песните кои ќе се најдат на новиот албум:

„Тоа ќе бдие најсериозниот и најсложениот проект на кој сум работела. Првиот сингл ќе го објавам во јуни, а по него и целиот албум. Решив по короната и тешкиот период кој е зад нас да снимам весели песни. Потребна ни е позитивна енергија.“


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: