Сега се дозна сѐ: Првиот проблем во бракот на Вељко Ражнатовиќ, на Инстаграм се појави видео кое ја расплака Богдана
Синот на Вељко и Богдана Ражнатовиќ наскоро ќе стане постар брат...
Малиот Жељко Ражнатовиќ, синот на Вељко и Богдана Ражнатовиќ е најмладиот и секако најомилениот член во семејството. Без разлика дали внукот на Цеца се наоѓа кај баба и дедо во Тител или пак во вилата на Цеца, сите се пресреќни кога ќе им дојде и однапред смислуваат игри за него, му купуваат играчки и слатки задолства, а многу често и тој самиот и порачува што да му купат.
Бидејќи е уште многу мал и нечисто зборува, тој е главна атракција и причина за смеа, а освен фактот дека е бескрајно шармантен, духовит и жив, гордите родители сакаат на социјалните мрежи да истакнат колку миленикот им е паметен и напреден за свои години.
Често го снимаат додека го закачаат за нешто, а последното видео кое се појави на профилот на Вељко разнежни многумина, па и насмеа. Гордиот татко се обиде од наследникот да извлече информација за тоа кој најмногу сака, па го праша: „Дали си ти љубовта на тато?!“ На ова малиот Жељко одговори дека е. Следното прашање беше дали е љубов на мама, на што двегодишното момче одговори одречно, по што го замоли татко му да не ѝ кажува на мајка му. Вељко низ насмевка се согласи дека ќе ја сочува тајната на синот, но набрзо потоа целото видео го објави на својот Инстаграм профил.
фото: Принтскрин / Инстаграм