Секој ден сѐ повеќе ти се воодушевувам: Ања Ветерова ѝ ги посвети најубавите зборови на својата мајка
Љубовта кон мајката е посебна...
Мајката е најважната личност во животот на секое дете. Таа е онаа која нѐ носела 9 месеци под срцето, која бдеела над нас додека сме биле мали, но и денес кога сме болни, таа е онаа која најмногу се грижи за нас... Затоа, секој еден од нас треба да ја цени својата мајка.
Колку и да мислиме дека сме возрасни и дека сами можеме да чекориме низ животот, секогаш во нејзината прегратка чувствуваме незаменлива безгрижност. Освен љубов, на нашите мајки треба да им покажеме и колку сме горди на нив, но и колку им се воодушевуваме.
Тоа по не знаеме кој пат, го направи и пејачката Ања Ветерова, која во секоја прилика јавно покажува колку ја сака својата мајка.
Овој тоа го направи на стори на Инстаграм, на кое сподели фотографија со емотивен текст, а во позадина ја стави песната „Паметна и луда“ на Марија Шерифовиќ.
„Ти си поим за храбра, силна и неуморна жена со огромно срце. Секој ден сѐ повеќе ти се воодушевувам. Те сакам мајко“ - напиша Ања на своето стори.
фото: Принтскрин / Инстаграм