Секоја чест: Хејли Бибер одбрани обожавателка од обезбедувањето (ВИДЕО)

Секоја чест: Хејли Бибер одбрани обожавателка од обезбедувањето (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Хејли Бибер доби пофалби на социјалните мрежи откако видеото во кое брани обожавателка од обезбедувањето стана вирално на социјалните мрежи. 

На видеото, девојката по име Кристал ѝ приоѓа на Хејли за да се слика со неа, но кога манекенката ја стави раката околу девојката, обезбедувањето се обиде да ги раздвои.

Видеото на TikTok го сподели самата Кристал која напиша: „Начинот на кој Хејли Бибер ме бранеше откако тој стави раце на мене“. Видеото собра преку 9 милиони прегледи и илјадници коментари, а фановите во коментарите ја пофалија манекенката. „Во ред е, во ред е“, рече Хејли, принудувајќи го обезбедувачот да си замине. „Не треба да креваш раце кон никого“ рече таа.

Кристал во делот за коментари на нејзините објави објасни дека обезбедувањето не е дел од тимот на Хејли.

ВИДЕО:

@kristalterrell the way @Hailey Bieber defended me after someone put their hands on me #haileybieber original sound - Kristal

извор: Famoza.net


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: