Секоја чест: Синот на Вил Смит ќе отвори ресторан за бездомници, а името е особено значајно
Името кое ќе го носи ресторанот, е истото кое веќе го имаат камионите со храна за бездомници, исто така во сопственост на младиот Смит и е особено значајно.
Хуманоста на младиот Смит ја заслужува сечија почит.
Неговите камиони со храна веќе ги снабдуваат бездомниците во Лос Анџелес, а новиот ресторан треба да понуди потрајно решение.
Џејден Смит е син на славниот актер Вил Смит. Џејден е пејач и актер, а сега планира да отвори ресторан во Лос Анџелес, каде што бездомниците би јаделе бесплатно.
Џејден ќе отвори ресторан наречен „Те сакам“ за да им помогне во хранењето на оние кои имаат потреба, а малиот син на Смит веќе две години има „бизнис“ со камиони за храна „Те сакам“, исто така за бездомници.
Новиот ресторан треба да понуди потрајно решение и да им помогне на оние кои имаат потреба, односно бездомниците во Лос Анџелес.
Ресторанот ќе ги надомести трошоците со давање повисока цена на луѓето кои имаат средства да плаќаат за храната, како и повисоки цени за лицата кои имаат пари а чекаат во ред пред бездомник.
- Бездомниците мора да добијат бесплатна храна. Но, ако не сте бездомник, не само што мора да платите, туку мора да платите и повеќе отколку што вреди храната и да платите за лицето што стои зад вас - рече Јаден.
извор:espreso.co.rs