Селена Гомез ги искоментира гласините дека е во врска: Со една реченица кажа сѐ (ФОТО)
Селена се огласи бидејќи последните денови не престанува да зборува за неа и Дру...
Извор близок на Селена и Дру порано оваа недела изјави дека тие двајца се гледаат и дека имаат симпатии еден кон друг. Не кажа дека се во сериозна врска, туку дека ситуацијата е лабава. Селена сега го искоментира тоа.
Дали Селена конечно пронајде љубов? Порано оваа недела целиот Интернет зборуваше за нејзиниот однос со пејачот од „Chainsmokers“ и на сите им беше драго што се гледа со некој. Тоа дојде и до Селена и сега се огласи на Инстаграм по ова прашање и на сите им кажа каква е ситуацијата. По нејзиното зборуваше, изгледа дека изворот близок на двојката или лажел или всушност не толку близок колку што тврди. Селена на стори на Инстаграм само напиша една реченица со која кажа сѐ: „Премногу ми се допаѓа да бидам сама“. Со ова на сите им потврди дека моментално не е во врска ниту со Дру, ниту со било кој друг.
Во меѓувреме, тоа стори го избриша. Малку чудно. Сепак, ако кажа дека нема ништо од тоа, тогаш најверојатно информациите кои на јавноста ѝ ги кажа изворот близок до двојката, не се точно. Некои мислат дека Селена и Дру најверојатно се гледаат, но како што е кажано (дека е во лабава врска), Селена и понатаму смета дека е сингл.
Што точно се случува ќе покаже време.
фото: Принтскрин / Инстаграм