Селена Гомез воодушеви со потегот: Падна на доделувањето на наградите, ги соблече чевлите и продолжи боса
Пејачката и актерка Селена Гомез се сопна на доделувањето на „SAG“ наградите.
Имено, Селена се појави во долг црн фустан од Оскар де ла Рента, но високите потпетици од Кристијан Лубитен ѝ претставуваа проблем. Откако се сопна, таа ги соблече чевлите и продолжи да оди боса.
Селена на црвениот кили за доделувањето на „SAG“ наградите се појави во друштво на актерот Мартин Шорт. Откако се сопна и падна на подот, колегата ѝ помогна да стане, а реакцијата на актерката ги воодушеви нејзините обожаватели.
Leave it to Selena Gomez to make even slipping on the red carpet look good https://t.co/7JzhcPAuQp pic.twitter.com/buTnCE8vJf
— Variety (@Variety) February 28, 2022
Иако многу фотографи и камермани го уловија момент кога падна, Селена стана и продолжи да оди боса, а интересно е тоа што и на сцената се качи без чевли.
„Прекрасна жена и понатаму може да изгледа добро боса. Изгледаше неверојатно и без чевли“, „На кој му е гајле, и понатаму изгледа прекрасно“, „Поради ова ја сакам“, „На кралиците не им се потребни чевли“ - се само некои од коментарите кои се редеа под видеото од падот на Селена.