Семејна драма: Николија и Реља планирале тајно да се венчаат, кога дознала Весна Змијанац се расплакала и го обвинила зетот

Семејна драма: Николија и Реља планирале тајно да се венчаат, кога дознала Весна Змијанац се расплакала и го обвинила зетот

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Познатиот поп пар Николија Јовановиќ и Реља Поповиќ се заедно осум години, имаат две ќерки, но се уште не се во брак. Наводно планирале тајна венчавка во Атина, а Весна Змијанац, мајката на Николија не ни знаела за нивниот план.

Имено, Реља и Николија наводно решиле да се венчаат во октомври во Атина, но во тајност.

- Весна веднаш и се јавила на Николија и ѝ кажала дека знае за неа и планот на Реља и дека не може да поверува дека од неа сокриле толку голема работа. Почна да плаче, па Николија не знаеше што да и каже. Таа рече дека ќе и објасни се, само да ја смири. Весна го обвинува и Реља, бидејќи смета дека тој требало да инсистира да и се каже, а не да се согласи да знаат само кумовите. Таа едвај можеше да се смири. Николија подоцна и објасни дека Реља и таа само разговарале за тоа, но дека се уште ништо не закажале. На крајот рече дека и таа ќе биде присутна, но да молчи за тоа - тврди извор близок до Весни Змијанц за Стар.

Инаку, Весна Змијанац имаше операција на срцето во март годинава, кога беше поставен бајпас. Затоа ангажирала градинар и чистачка да и помогнат околу одржувањето на нејзиниот имот во Букуља.

Фото:reljapopovic/vesnazmijanac/instagram

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: