Семејство кое има 11 деца: Прославивме 95 родендени
Се запознавме во црквата св. Никола. Бевме 4 ипол години во врска и живеевме во предбрачна заедница. Се венчавме и набрзо го добивме првиот син Ноа (17), раскажуваат Саша и Тина Петковиќ од Шенковци. Денес, заедно со Ноа имаат 11 деца - Тања (15), Бригит (13), Вита (12), Леа (10), Пиа (9), Франа (7), Виктор (5), Искра (4), Филотеа (2) и 8 - месечниот Флоријан.
Големото семејство живее во куќа од 200 квадрати, во кои дури четири соби се спални за децата. Од почетокот на врската зборувале дека ќе имаат 5 деца. По некое време бројката пораснала, но тоа не им претставува никаков проблем. Тие велат дека децата се благослов од Бога.
„Зборовите „мама“ и „тато“ ги слушаат барем десет пати дневно од секое дете. Тоа значи дека вкупно ги слушаат околу 110 пати“ - раскажуваат родители.
Секое дете има своја потреба, свое хоби и свој интерес, па така тие ги делат обврските за да успеат да ги задоволот потребите на сите, но и потребите во домот.
До сега заедно со децата, велат дека прославиле 95 роденден. Со оглед на тоа имаат по 11 родендени годишно, објаснуваат дека некои кои се блиску, ги спојуваат и прават дупла забава. Мама Тина вели дека за своето семејство готви само во големи тенџериња.