Семејство ослободи заробен кит, а тој им се заблагодари на прекрасен начин
Грбавиот кит лебдеше по водата, не се движеше. Семејството се сомневало дека тој е мртов.
Семејство ослободило заробен кит за кој се сомневале дека е мртов, а тој им се заблагодарил на прекрасен начин.
Мајкл Фишбек и неговото семејство многу ги сакаат животните. Всушност, Мајкл е ко-основач на организацијата „The Great Whale Conservancy“, која е посветена на зачувување на китовите. Една зима, семејството освоило наградно патување во Калифорнискиот залив за да фотографира ретки китови, но таму наишле на нешто трагично.
Грбавиот кит лебдеше по водата, не се движеше. Семејството се сомневало дека тој е мртов.
Му пријдоа да проверат дали е жив. Тие сфатија дека можеби има мала шанса да го спасат. Мајкл скокна во водата за да види дали може да помогне.
Тој видел дека животното е фатено во мрежата и не може да се ослободи, затоа тој се обиде да му покаже на китот дека ќе направи сè што може за да го спаси.
Иако китот бил заробен, сепак бил многу силен, па Мајкл морал да биде многу внимателен доколку сакал да остане жив. Внимателно го одмотал китот, успеал да ослободи една перка, но тоа не било доволно.
Семејството се обидело да повика помош, но не добиле јасен одговор дали навистина ќе дојде помош, па решиле да ги преземат работите во свои раце.
Кога китот се изморил, семејството продолжило да ја сече мрежата. По половина час пуштија уште една перка. Сега дојде редот на опашката. Тоа беше најтешкиот дел од работата. Целото семејство даде се од себе за да го ослободи китот. На крајот успеаја. Китот препливал преку 100 метри, скокнал од водата како да сакал да му каже „благодарам“ на семејството кое го спасило.
Мајкл и неговото семејство беа многу уморни и исцрпени. Сепак, нивните напори вродиле со плод – китот бил слободен и продолжил да скока во водата во нивна близина.
Во текот на следниот час, китот, кого семејството го именуваше Валентина, го следеше нивниот брод и постојано излегуваше на површина – беше очигледно дека тој е многу благодарен на ова прекрасно семејство.