Сензацијата на Зимските олимписки игри среде скандал: 15-годишна Камила е позитивна на допинг
Камила Валиева, засега, не е суспендирана, бидејќи има неполни 16 години и не подлежи на правилата на Светската антидопинг агенција, но ситуацијата е збунувачка и се чека конечна одлука.
Младата руска лизгачка Камила Валиева, членка на рускиот тим што го освои златен медал на Зимските олимписки игри во Пекинг, е позитивна на допинг тест.
Според рускиот весник РБЦ, таа користела недозволена дрога триметадизин, која се користи за ангина пекторис.
Валиева, засега, не е суспендирана бидејќи има неполни 16 години и не подлежи на правилата на Светската антидопинг агенција, но ситуацијата е збунувачка и се чека конечна одлука.
Според Комерсант, одложувањето на церемонијата за доделување на медалите закажана за вторник во Пекинг е поврзано со позитивниот допинг тест на Камила Валиева, којa може да ѝ го одземе екипното злато на Русија.
Камила, новата сензација на уметничко лизгање за време на екипното натпреварување стана првата жена која изведе четирискок.
извор:sport.avaz / alo