Сериозни суми: Еве колку заработуваат највлијателните тинејџери во регионот

Сериозни суми: Еве колку заработуваат највлијателните тинејџери во регионот

Инфлуенсерите Андрија Јовиќ, сестрите Леа и Сара Станковиќ, како и Вања Веќиќ попозната како Ва Вана се сметаат за едни од највлијателните тинејџери во регионот. Тие се едни од најуспешните инфлуенсери во Србија и се најпривлечни за помладите генерации кои ја следат нивната работа на социјалните мрежи како што се Instagram и YouTube, каде честопати за само неколку секунди имаат илјадници лајкови и коментари.

Бидејќи со години се шпекулира во Србија дека инфлуенсерите на Инстаграм заработуваат огромни пари, што понекогаш достигнува и до 10.000 евра месечно, Блиц.рс проверува дали е тоа точно.

Имено, како што пренесува Блиц.рс, првите нивни хонорари не биле веднаш високи суми, но по некое време на труд и напор, успеале да ја достигнат посакуваната цена на пазарот.

- Првиот хонорар го добив пред пет години, кога достигнав 50.000 следбеници, тогаш ја направив мојата прва кампања. Тоа беше за чоколадно млеко или парфем. Надоместокот беше околу 50 евра и тоа беа добри пари за едно дете - вели Андрија Jo, додека првата соработка на Леа дошла по помалку од половина година.

- Со снимањето започнав во октомври, а првата соработка и заработка беше следната година во мај. Се сеќавам дека рекламирав сок, видеото беше многу смешно. Не можам да се сетам колку точно беше заработката, но со оглед дека за прв пат правев соработка, им реков да понудат онолку колку што мислат дека е доволно - вели Леа искрено за „Блиц“, додека очигледно и нејзината сестра Сара го заработила својот прв хонорар од истиот спонзор.

- Првиот надоместок го заработив од реклама на мојот профил, во 2017 година, тоа беше реклама за сок - одговара Сара, која не може да се сети на точната сума што ја добила тогаш.

Вања Веќиќ, од друга страна, тврди дека таа ја заработила првата цифра на 15-годишна возраст и во тоа време побарала 10 евра за една публикација.

- Прв пат заработив кога имав 15 години. Во тоа време, имав околу 20.000 следбеници. Ме замолија да рекламирам блог и нормално ми беше тогаш да барам десет евра за еден пост. После тоа, ја ценев мојата работа и мислам дека цената беше околу 100 евра - вели Вања, додека Андрија се согласува со фактот дека со поголем број следбеници на Инстаграм се влијае на спонзорства и цени.

- Мислам дека бројот на следбеници во голема мерка влијае на цената на хонорари, но и брендот што го има изградено инфлуенсерот, како содржина и квалитет - вели Јовиќ за „Блиц“.

Честопати се шпекулира во јавноста колку еден инфлуенсер може да заработи од одредена кампања или пост на Инстаграм. 

- Навистина е индивидуално и зависи од кампањата, неблагодарно е да се зборува за тоа затоа што некој може да договори еден пост, а некој едногодишен договор каде што цифрите се многу повисоки, а покрај тоа, секој има свои цени. Секој месец е поинаква ситуацијата, понекогаш има 5 кампањи за еден месец, а понекогаш ниту една - вели Андрија за „Блиц“, додека Леа ги конкретира бројките.

- Цената варира од 20 евра кај некои колеги, а може да биде и 10.000 евра кај други. Може да заработувате убави пари на месечна основа, но сето тоа зависи од тоа колку луѓе го следат инфлуенсерот и колку тој се занимава со овој бизнис - вели Леа, а слично мислење има и нејзината колешка Вања Веќиќ.

- Се шпекулира дека можете да заработите дури 10.000 евра за една кампања, но мислам дека тоа е малку премногу. На месечна основа, можете да заработите 1.500 евра од постови на Инстаграм. Секој инфлуенсер кој работи сериозно, треба да плаќа данок на нивниот приход, а за тоа не се зборува, туку само за бруто-сумата што ја заработуваме. Значи, ние исто така имаме трошоци - вели Веќиќ.



Можеби ќе ве интересира: