Северина упати порака сите да се вакцинираат, а таа тоа го стори со Фајзер: Иако нема настапи сега, еден нејзин настап чини многу

Северина упати порака сите да се вакцинираат, а таа тоа го стори со Фајзер: Иако нема настапи сега, еден нејзин настап чини многу

Објавена во: Живот // Живот

Таа е како виното, што повеќе старее, тоа и е подобра. А плус на тоа кога ќе се додаде славата што ја има. Можеби не ја пратеше голема помпа кога појде да се вакцинира, но таа сепак го направи тоа.

Познато е дека големите Балкански музички имиња се добро платени на своите настапи. Тие полнат дискотеки, клубови, некои и стадиони. Меѓу нив секако е и Северина, која несомнено со години е на самиот врв кога станува збор за популарноста.

Таа вчера објави фотографија на Инстаграм, на која позира додека ја прима првата доза на вакцината против коронавирус.

Северина позирала во здравствената установа каде што ја примила вакцината, а стиховите на песна од Мирослав Шкоро ги ставила во описот на сликата.

Според хаштазите што ги постирала, Северина ја одбрала вакцината Фајзер.

„Вечерва, добри луѓе, не ме прашувајте ништо… Не ни коментирајте“, напишала пејачката.

Фотографијата брзо собрала голем број реакции и коментари, а повеќето нејзини следбеници решиле да ѝ честитаат и да ѝ посакаат среќа во понатамошната работа.

Инаку, Според 24 сата, вообичаената цена на нејзиниот клупски концерт е 20 000 евра, но заработува три пати повеќе на настани. Некогаш пее и за 5.000 евра некаде во дијаспората, ако процени дека нејзиното запознавање и контакт со сопственикот на клубот ќе и донесат неколку нови и поскапи свирки. 

Според истиот сајт, заедничко за сите големи балкански музички имиња е дека тие немаат некаков „официјален“ ценовник, тие се огледуваат едни со други и формираат цени. Сепак, скоро и да нема такви кои некогаш собрале милиони за една година. И по соодветна цена можно е да ги вработите во скоро секоја пригода. 


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: