Шејн Доусон ги изненади сите: Призна дека на неговата кариера дојде крајот

Шејн Доусон ги изненади сите: Призна дека на неговата кариера дојде крајот

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Шејн Доусон призна дека неговата кариера е „завршена“ за време на неочекуваното појавување во влогот на неговиот вереник Рајланд Адамс.

Во видеото под назив „Extreme Hoarder Room makeover“, јутјуберот сподели дека бил на шопинг со Адамс, кога забележил огромен пластичен црвен коњ. „Знам дека сум чуден и знам дека мојата кариера е завршена и знам дека сум само лудак кој купува чудни играчки“ - се пошегува Шејн, обидувајќи се да оправда купувањето на оваа „играчка“.

Коментарот на Шејн не наиде на добар одзив: многумина го обвинија дека само се обидува да ги освои гледачите и дека неговата кариера е завршена од вистински причини.


Во случај да не знаевте, Шејн практично молчеше на социјалните мрежи, по бројните коментари за неговото непримерно однесување. Во јули 2020 година, Шејн конечно се извини поради својата стара и навредлива содржина, која вклучуваше и црно лице, расизам и „шеги“ за педофилија. Тој сега ретко се огласува на Јутјуб и останатите мрежи.

Неодамна по него удри неговата поранешна најдобра пријателка Триша Пејтас. Триша ги разоткри Џефри Стар и неговите пријатели, бидејќи ја малтретирале, а Шејн (кој беше најдобар пријател со неа цели 12 години) не сакаше да ја одбрани. Така дојде до прекинување на пријателството, а Шејн молчеше за тоа. Меѓутоа, Рајланд во својот подкаст искоментира дека го изненадило тоа што Триша ги прицртала и двајцата.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: