Шест креативни идеи за сами да си направите новогодишна елка: Заштедете време и пари
Потребни ви се имагинација, умешност и креативност...
За многу луѓе украсувањето на домот за празниците е момент во годината на кој посебно се радуваат. На елката секој го става својот омилен украс, низ домот насекаде има сијалички, а чувството кога ќе седнете и ќе видете дека одлично сте ја завршиле работата е посебно.
Меѓутоа, има нешто посебно и во тоа кога сами ќе си направите елка или украс и ќе ја изразите својата креативност, а бонус е тоа што дома ќе имате нешто поубаво и пооригинално од она што можете да го купите во специјализираните продавници.
Доколку сметате дека големите зелени новогодишни елки се надминати, и дека постојат бројни начини на кои можете да го украсите својот животен простор - вие сте на вистинското место.
Потребни ви се имагинација, умешност и креативност, а украсувањето на домот ќ ебиде многу позабавно доколку ги вклучите и најмладите членови на семејството.
# Елка од сијалички
Ова најверојатно е најбрзиниот и најлесниот начин за сами да направите елка.
Потребни ви се неколку шајчиња на кои ќе може да ги закачите сијаличките, а со помош на безбојна леплива трака може да додадете и уркаси.
# Креативен начин за да ги искористите книгите
Старите книги кои собираат прашина на полиците конечно ги дочекаа своите 5 минути. Наредете ги цик-цак, а за крај ставете и сијалички.
# Украсете ја старата скала
На скалата можете да ставите секакви украси. Прво околу нив наредете сијалички, а на сијаличките наредете ги украсите.
# Едноставно, а убаво
За време на прошетката во природа соберете неколку гранки и од нив направете своја елка. Потребна ви е жица која ќе ја држи целата конструкција, а на вас останува да ја украсите по желба.
# Елка од фотографии
Оваа елка би можеле да ја наречеме и „елка на спомени“. Прелистајте ги старите албуми и издвојте ги најдрагите фотографии, па залепете ги на ѕидот во облик на елка. Кога ќе додадете и сијалички, доживувањето ќе биде целосно. Најдобро од сѐ е тоа што фотографиите не мора да ги тргнете ни кога ќе поминат празниците.
# Елка на ѕид
Ова е прекрасна идеја, особено доколку сакате да заштедите простор, ако живеете во мал стан.
фото: Shutterstock