Што е биполарно растројство? Кои познати ѕвезди, покрај Канје Вест се соочуваат со нарушувањето?
Канје Вест можеби е последната славна личност што се отвори за своето искуство со биполарно растројство, но тој не е првиот.
Пoкрај тоа, периодов, славниот рапер е главниот актер во скандалите кои оддекнуваат во Америка и остатокот од светот, откако објави и за кратко време избриша низа твитови пишувајќи дека две години се обидувал да се разведе од Ким, како и дека таа го заклучувала, итн.
Но дали знаевте дека биполарното растројство афектира 5,7 милиони (околу 2,6% од американската популација) на возраст од 18 и постари секоја година?
Што е биполарно растројство?
Биполарно (манично депресивно) растројство е ментално нарушување кое се карактеризира со постојани и / или невообичаени промени во расположението кои можат да го намалат квалитетот на животот на една личност. Тешко е справувањето со биполарно растројство без соодветно образование и ресурси.
Менталното нарушување се карактеризира со промени во расположението, за време на кои лицето преминува од енергична, манична фаза во ниска, депресивна.
Без разлика каква душевна болест може да имате вие или некој близок, се надеваме дека овој список на славни личности со биполарно растројство ја крева свеста и помага да се покаже дека сè уште може да се надмине секоја пречка.
6 светски познати личности кои јавно прозборуваа за справување со биполарното растројство:
Канје Вест - рапер
„Има некои случаи на биполарност, каде луѓето се во депресивна фаза, јас сум тој што е на високо, енергично ниво“, објасни Вест, велејќи дека кај него нема екстремни периоди на депресија.
Два месеци откако го издаде својот соло албум YE, се отвори јавно и зборуваше искрено за тоа како состојбата влијае на неговиот живот, во интервју за Џими Кимел, нарекувајќи го растројството како негова „суперсила“.
Мараја Кери - пејачка
На Мараја Кери и беа потребни скоро две децении за да стигне до место каде што се чувствува удобно да зборува за нејзината дијагноза на биполарно растројство, во 2001-та година.
„Не сакав да верувам во тоа“.
По тешки неколку години, таа реши да побара третман.
„До неодамна живеев во негирање и изолација и постојано стравував дека некој ќе ме открие“, вели таа.
Битката на Зета-Џонс со биполарното растројство излезе на виделина, кога сопругот Мајкл Даглас заврши со лекувањето на рак на грлото.
„Откривањето на дијагнозата е најдоброто нешто што ми се случило некогаш. Фактот дека имаше име за моите емоции и дека професионалец може да ми помогне, беше многу ослободителен. Нарушувањето има неверојатни височини и многу ниски падови. Целта ми е да бидам константно во средина.“
Кери Фишер - aктерка
Пред нејзината смрт во 2016 година, Фишер беше една од највидливите застапници и гласни говорници за биполарно растројство и искрено зборуваше за сопственото искуство со менталната болест. „Маничната фаза не е предвидлива“, рече Фишер за сопственото искуство, за USA Today. „Во последната фаза која ја имав ја исеков косата, направив тетоважа и сакав да ја променам верата во јудаизам“ - изјави своевремено.
Деми Ловато - поп-ѕвезда
Ловато беше дијагностицирана со биполарно растројство на 22 години за време на престојот во рехабилитација, откако со години погрешно беше дијагностицирана со депресија. Неколку години подоцна, таа беше отворен застапник за оние кои се соочуваат со менталната болест.
„Се чудев што не е во ред со мене, без да знам дека имам хемиска нерамнотежа во мозокот“, вели таа. „Бидејќи не им кажував на луѓето што ми треба, завршив само-лекувајќи се, и однесувајќи се многу нездраво“.
Шинед О'Конор - композиторка и пејачка
Шинед беше дијагностицирана со биполарно растројство на 37-годишна возраст. Таа отворено зборуваше за живеење со оваа состојба на шоуто Опра Винфри во 2007 година.
„Секоја пора од вас плаче, а не знаете ни зошто“, изјави таа. "Јас, всушност, умрев и повторно се родив како резултат на земање лекарства и добив шанса, повторно да изградам живот".