„Што е со мојот живот?“: Неверојатен говор на 12- годишно девојче за забраната за абортус

„Што е со мојот живот?“: Неверојатен говор на 12- годишно девојче за забраната за абортус

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Говорот на девојчето за време на јавната расправа против законот кој би го забранил абортусот во речиси сите случаи стана вирален

Страсната молба на 12-годишно девојче стана вирална откако таа одржа говор пред републиканските пратеници во Западна Вирџинија за време на јавната расправа за нацрт-законот за абортус со кој ќе се забрани постапката во речиси сите случаи.

Минатата недела Адисон Гарднер од средното училиште Кенова беше еден од луѓето кои се изјаснија против усвојувањето на овој предлог-закон.

Обраќајќи им се на делегатите, девојката имаше само 45 секунди да го каже своето мислење.

- Моето образование ми е многу важно и планирам да правам големи работи во животот. Ако човекот одлучи дека сум предмет и ми прави неискажливи и трагични работи, дали јас како дете треба да носам и да родам друго дете? - праша малото девојче.

Таа потоа додаде: „Дали треба да го подложам моето тело на физичка траума од бременоста? Дали треба да трпам ментални последици, како дете, кое немало збор за тоа што било направено со моето тело? Некои овде велат дека се за живот. Што е со мојот живот? Зар мојот живот не е важен?"

Додека девојката, која тренира одбојка и атлетика, разговараше со пратениците, ја гледаше Рита Реј, 80-годишна жена која абортираше во 1959 година, 14 години пред абортусот да се смета за уставно право.

На фотографијата направена од Кајл Вас, репортер на Американската унија за граѓански слободи во Западна Вирџинија, Реј може да се види како се насмевнува во позадина додека Гарднер ја упатува својата страсна молба.

Еден корисник кој ја објавил фотографијата на Твитер напишал: „Рита Реј (80), која го ризикувала својот живот пред Рое со абортус извршен од некој што не е здравствен работник, гледа како Адисон Гарднер (12) размислува за сопствената иднина без пристап до легален абортус во Западна Вирџинија“.


И покрај говорите на Гарднер и другите активисти за правата на абортусот, законот беше усвоен убедливо, 69 спрема 23. Набргу откако девојчето го одржа својот говор, членовите на Домот усвоија амандман со кој би се дозволил абортус во случаи на силување или инцест.

Но, амандманот, кој помина со тесно 46 гласа „за“ и 43 „против“, дозволува постапката да се спроведува само до 14-та недела од бременоста и само доколку се пријави силување или инцест во полиција.

Усвојувањето на најмалку два од десетината предложени амандмани од државниот Сенат во петокот значи дека законот сега мора да се врати на разгледување во Домот на делегатите.

Минатата недела, окружниот судија на Канавха, Тера Саланго, го блокираше спроведувањето на забраната за абортус и му даде можност на Центарот за здравје на жените во Западна Вирџинија, единствената клиника за абортус во државата, да продолжи со изведување на постапката.

Јавниот обвинител на Западна Вирџинија, Патрик Морисеј, ја опиша одлуката како „црн ден за Западна Вирџинија“.

Извор: telegraf.rs


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: