Што открива за тебе и твојата личност месецот во кој си роден/а?

Што открива за тебе и твојата личност месецот во кој си роден/а?

Месецот на раѓање игра многу поголема улога во твојата личност, отколку што можеби мислиш.

Бројни истражувачи се занимавале со прашањето дали месецот на раѓање игра некаква улога во личност на човекот и наводно игра. Па така, месецот може да ти каже нешто за твојата личност, но на пример и за твоето здравје.

Еве што говори месецот на раѓање за тебе:

# Јануари

Оние кои се родени во првиот месец од годината се оние на кои животот ќе им даде бројни можности за успех, а тие треба само да знаат да ги искористат. Овие луѓе имаат големи шанси за да станат познати на некој начин, без разлика дали како актери, спортисти или доктори. Во која професија и да се пронајдат, доколку се потрудат, сѐ е можно. Единствената особина која најчесто се поврзува за нив е креативноста.

# Февруари

Родените во февруари се среќни луѓе, бидејќи за нив се зборува дека се посреќни и позадоволни во животот, како за животот општо, така и со работата. Не толку добра работа е дека во овој месец се раѓаат најниските луѓе. Овде често се раѓаат уметници како сликари и музичари. 

# Март

Март е месец кога полека ја оставаме зимата зад себе и влегуваме во пролетта, а такви се некако и луѓето родени во март. Секогаш како да им сјае сонцето и да бараат позитивна страна на сѐ во животот. Нивниот оптимизам нема граница. Изгледа како да се секогаш добро расположение - и не глумат, навистина се.

# Април

Луѓето родени во април најдобро ги опишуваат карактеристиките храброст и искреност. Имаат цврсти уверувања до кои се држат во животот и не се плашат од ништо и никој. Некогаш поради своето однесување ќе мораат да претрпат неудобни последици, но тоа нема да ги сопре за следниот пат да постапат онака како што тие мислат дека треба, а не онака како што им се кажува.

# Мај

Кој има најмногу среќа во животот? Луѓето родени во мај! Тие се сметаат за најголеми среќници. Изгледа како животот секогаш да им ги дели вистинските карти. Тие се големи оптимисти, но исто така и разумни. Токму затоа што се оптимисти и навикнати да имаат среќа, кога ќе им се случи нешто лошо, тоа може за момент да ги фрли во депресија.

# Јуни

Еден ден се со добра воља, другиот ден како целиот живот да им се срушил пред очи. Родените во јуни се оној тип на луѓе кои многу често го менуваат расположението. Ситници се доволно за да влијаат на нив и нивното расположение. Но сепак, покрај тоа, тие се многу зрели луѓе и често се однесуваат посериозно, отколку што би требало за свои години.


Следна страна

Можеби ќе ве интересира: