Што открива за тебе и твојата личност месецот во кој си роден/а?
# Јули
Вистинските шармери се раѓаат во јули. Родените во овој месец имаат харизма на која е тешко да се одолее, а знаат и да го искористат тоа. Често поради ова се омилени во друштвото и имаат многу пријатели. Знаат многу добро да се носат со своите чувства и тешко дека ќе ги видите да ги изгубат нервите, да викаат и да фрлаат предмети во ѕид.
# Август
Податоците следени 16 години зборуваат дека во овој месец се раѓаат најмногу луѓе. Некои од карактеристиките кои најчесто им се препишуваат се дека се полни со самодоверба, многу добро знаат да се организираат и да остават добар впечаток кога ќе ги запознаете. Поради сето тоа, имаат добри шанси да станат лидери или главни во нешто.
# Септември
Родените во септември се луѓе кои секогаш се отворен ум, што и да е во прашање. Секогаш ќе послушаат што имаш да им кажеш и ќе имаат разбирање. Единствена особина која најдобрио ги опишува е толерантноста. Исто така, колку и да се супер, некогаш знаат и да претераат со својот префекционизам кој секогаш го очекуваат од другите, но и од себе.
# Октомври
Луѓето родени во октомври како ништо да не може да ги налути и изнервира. Смирени се и не креваат бука околу ништо. Своите мислења, како и чувсва, често ги држат во себе, отколку да ги покажуваат и кажуваат на глас. Овие луѓе како никогаш да не привлекуваат проблеми, секогаш со нив има одлични вибрации. Во добри односи се со сите, бидејќи едноставно не сакаат да ја трошат енергијата на карање.
# Ноември
Верни се. Тоа е една карактеристика која накратко може да ги опише луѓе родени во ноември. Со нив секогаш се знае на што сте и можете да бидете сигурни дека нема да ве изневерат. Често другите не ги разбираат, бидејќи знаат дека имаат малку чудни ставови, но тоа е дел од нивната личност и нивниот шарм.
# Декември
Ова е месец во кој се раѓаат најмалку луѓе, па така родените во декември на некој начин се најпосебни, бидејќи се најретки. Тие се многу добри и имаат вистински намери, се трудат да бидат подобри со сите, но некогаш нивната тврдоглавост им стои на патот. Кога ќе замислат нешто, тешко дека ќе се поколебаат.