Што се крие зад самоубиството на детската мисица? Си пресуди на болен начин, а никој не знаеше со што се бори

Што се крие зад самоубиството на детската мисица? Си пресуди на болен начин, а никој не знаеше со што се бори

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Веста за неодамнешната смрт на Кајли Пози (16) го шокираше целиот свет! Никој не знаеше со што се бори најубавата девојка и зошто се самоуби

Кајли Пози беше детски модел, а светската слава ја стекна уште од мали нозе, преку последната сезона на контроверзното реално шоу „Toddlers and Tiaras“. Се чини дека ова учество, пак, ѝ донесе голем товар, со кој не знаеше да се справи на вистински начин.

Тинејџерката имала големи соништа, а сакала еден ден да стане пилот. Само една недела пред нејзиното самоубиство во мај, таа беше на матура и го прослави својот 16-ти роденден. Покрај тоа, таа најави и учество на изборот за Мис тинејџерка. И по емитувањето на озлогласеното шоу, Кајли често продолжи да учествува на натпревари за убавина.


Оваа прекрасна девојка е во светот на убавината од својата 3-та година. Таа стекна глобална популарност во реалното шоу кое ги следеше животите на семејствата чии деца се натпреваруваат во Мис. Меѓутоа, она што им се прави на малите девојчиња, на толку мали години (некои не се постари од 2) - се граничи со здравиот разум.

Одат во солариум во 2, како и самопотемнување, користат перики, носат тешка шминка поради која поминуваат часови на стол, ја фарбаат косата од 4-годишна возраст (некои девојки и порано), носат вештачки заби, а тоалетите често се несоодветни за нивното годиште. Сексуализацијата на овие избори е многу реална, а децата се принудени да изведуваат танцови претстави и да ги покажуваат своите тела како возрасни модели.


Многумина веруваат дека сите тие избори и сето она што го видела и почувствувала на нејзината кожа оставиле трага на нејзината психа, а опседнатоста со изгледот е една од можните причини поради која повеќе не можела да го поднесе притисокот со оглед на тоа што имала 16 години, а поминала низ многу повеќе и многу потрауматични работи од нејзините врсници.

Таа си го одзеде животот на болен начин

Имено, 16-годишната девојка била пронајдена на 4 мај во државниот парк „Бирч Беј“ во Вашингтон, недалеку од нејзиниот дом, каде решила да се обеси среде бел ден, односно околу 1 часот во попладнето и Медицинскиот центар во округот „Whatcom“, кој го прегледа телото, а полицијата ја потврди причината за смртта.

Веста дека Кајли си го одзеде животот го шокираше нејзиното семејство и пријателите кои никогаш не забележаа дека нешто не е во ред со неа, што само покажува колку е подмолна депресијата.

- Ми недостигаат зборови за да ја опишам мојата болка. Моето прекрасно бебе не напушти - со овие зборови мајката на Кајли ја извести јавноста дека Кајли починала, барајќи приватност за да може да тагува.


Нејзиниот мим ја обиколи планетата

Од најмладите денови беше во центарот на вниманието, а подоцна стана „кралица на мимињата“ поради специфичните изрази на лицето.

Кајли е токму онаа девојка со дупчиња на образите која подло се насмевнува. Овој краток клип е создаден за време на снимањето на реалното шоу.

via GIPHY


Подарок наместо проштално писмо

Неколку недели по нејзината смрт, на адресата на нејзината мајка Марси Гатерман пристигна необичен подарок.

Имено, Кајли нарачала ќебе за својата мајка, а Марси открила што пишувало во пораката што ја добила со него.

- Драга мамо, и сега кога не сум со тебе, сакам да знаеш дека те сакам и ценам. Секогаш. Завиткај се во ова ќебе и замисли го како голема прегратка. Те сакам – раскажала Марси.


Несреќната жена апелираше до сите родители да внимаваат на своите деца и да ги контролираат мобилните телефони за да не се случи трагедија.

- Ако нешто те мачи, не молчи. Кажи им на твоите родители. Никој нема да ве осуди, ќе ви ја даде потребната помош. Но, ние треба да знаеме за да можеме да ви помогнеме. Не го кријте тоа во себе – им порача Марси на сите деца на светот.

Колку беше убава и полна со живот Кајли, најдобро може да се опише со сликите подолу:


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: