Што се случило со децата на Клеопатра по нејзината смрт? Ваква судбина никој не очекувал
Клеоптра имала четири деца, а само две биле надалеку познати, додека нивната судбина е неверојатна...
Клеопатра имала четири деца: едно со Јулиј Цезар и три со Марко Антониј. Но, што се случило со нејзините деца откако таа се самоубила?
Најпознатото дете на Клеоптра е Цезарион. Најверојатно, тоа е така поради фактот што таа тврдела дека тој е син на Јулиј Цезар. Не ѝ верувале, а дека ни Цезар не бил толку убеден ќе покаже времето.
Имено, Јулиј Цезар и Клеопатра се сретнале во Египет и започнале афера кон крајот на 48-та година пред Христос.
Вистинското име на момчето било Птоломен XV, но сите го викале Цезарион, што значело „мал Цезар“.
Кога Клеопатра со момчето дошла во престолнината, тоа било скандал. Во тоа време и Клеоптра и Цезар биле во брак со други луѓе, а масата била шокирана што тие двајца скоро па јавно имале афера.
Покрај скандалот, Клеоптра и нејзиниот син живееле во една од куќите на Цезар, недалеку од градот.
Две години подоцна, во 44 година пред Христос, Цезар бил убиен. Амбициозната Клеоптра чекала во Рим да се прочита неговиот тестамент, бидејќи била убедена дека Цезарион ќе биде наследник.
Но, Цезар, сѐ му оставил на својот внук Октавијан, а Цезарион воопшто не го споменал во својот тестамент.
Сега Рим не бил безбеден за неа и нејзиниот 3-годишен син, па Клеопатра се вратила во Египет. Во септември истата година, Клеопатра го поставила Цезарион за свој владател (дотогаш тоа биле нејзините браќа со кои се венчала).
Не се знае многу за тоа што се случувало потоа со Цезарион. Израснал во палатата Александрија, главниот град на Египет. Во текот на растењето имал грчко образование, како и неговите предци.
Марко Антониј поминал многу години во Египет и станал очув на Цезарион.
Кога Цезарион имал околу 14 години, Марко Антониј на Клеопатра и нејзините деца им дал земји кои припаѓале на Рим.
Клеопатра и Цезарион ги добиле Кипар, Либија и Сирија.
Цезарион бил наречен Крал на регионите, што значи дека можел да владее над другите кралеви. Ова бил потег без преседан во римско време, бидјеќи Рим имал навика да ги присвојува другите земји како свои.
Тогаш Антониј го прогласил Цезарион за вистински син и наследник на Јулиј Цезар, што било голем проблем, бидејќи Октавијан во Рим својата кариера ја изградил како наследник на Цезар.
Објавувајќи дека Цезарион е наследник на Цезар, Марко Антониј буквално го нападнал Октавијан.
Избила војна. Октавијан бил на една страна, а Клеопатра и Антониј на друга.
Октавијан победил, а Клеоптра и Антониј избегале во Египет.
Клеоптра изиграла мудро, и го пратила Цезарион во Арабија или Индија, бидејќи таму бил далеку од дофатат на Октавијан.
Но, откако се убила Клеоптра, Октавијан испратил гласник до Цезарион тврдејќи дека ќе го поштеди и ќе му даде почесно место во Рим.
Момчето му поверувало на Октавијан, се вратило во Рим каде што војниците го убиле на половина пат - само неколку дена откако се убила неговата мајка.
По смртта на Цезарион, Египет престанал да биде кралство и станал само дел од Римското царство.
Клеопатра со Марко Антониј ги имала близнаците : Клеопатра Селена и Александар Хелиос и синот Птомолеј.
Клеопатра Селена израснала во Александрија и е растена како моќна и образована принцеза. Кога имала само 6 години, родителите ја прогласиле за кралица на Киренаика.
Но, три години подоцна, кога изгубиле од Октавијан, Клеопатра и Марко Анотниј биле мртви, децата останале без родители.
Октавијан тогаш ја однел Клеоптра Селена во Италија, парадирајќи со неа по улиците на Рим, водејќи ја окована со ланци.
За среќа тука живеела Октавија, сестрата на Октавијан, која барала таа да ја одгледа Клеоптра Селена, што ѝ било дозволено.
Бидејќи Октавија била омажена со Марко Антониј (кој ја изневерувал со Клеопатра), таа практично во некоја рака ѝ била маќеа на младата Клеопатра Селена. Но, кон детето се однесувала како да е нејзино родено.
Кога наполнина 15 години, Селена ја омажиле за северноафриканскиот принц Џуба од Нумидија. Џуба останал сирак како дете и Октавијанците го одгледале во Рим.
Октавијан ги засакал Џуба и Селена, па им го дал соседното кралство како мираз.
Младенците имале ново кралство во Африка. Успешно владееле со него најмалку две децении. Некои сметаат дека Клеопатра Селена умрела кога имала 35 години, додека други сметаат дека живеела многу подолго. Без разлика како било, таа се смета за најуспешното од сите деца на Клеопатра.
фото: Принтскрин / Јутјуб