Штотуку излезе најавата за новиот филм, а сите се веќе воздбудени: Комбинација од „Еуфорија“ и вистински тинејџерски филм (ВИДЕО)

Штотуку излезе најавата за новиот филм, а сите се веќе воздбудени: Комбинација од „Еуфорија“ и вистински тинејџерски филм (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Филм

Ако овој филм не излезе како што многумина очекуваат, Нетфликс ќе има многу лути гледачи...

Се чувствуваме измамено и разочарано кога најавата за филмот изгледа предобро, а потоа излегува филмот, кој е тотално промашување. Се надеваме дека тоа нема да биде случај и со оваа тин драма. Најавата само што излезе, а луѓето ги одбројуваат деновите до излегувањето на филмот.

Новиот тинејџерски филм на Нетфликс изгледа одлично! Само што излезе најавата, а луѓето се веќе луди по него, а што ли ќе биде кога ќе излезе? Досега не се зборуваше ништо за него, сега само излезе најавата, која изгледа одлично и направи бум.

Станува збор за филмот „Do Revenge“. Средношколска тинејџерска драма, нешто со што сите можат да се поистоветат, но и филм ќе те расположи. Сите имаме некоја личност која не нервира и која ни го „упропастила“ животот на некој начин, а такви личности имаат и двата главни лика во овој филм. Сега се решија да ги здружат силите и да им се одмаздат на своите непријатели. Во главните улоги се две познати женски актерки, поради кои филмот е уште попривлечен - Камила Мендес (Riverdale) и Маја Хок (Stranger Things).


Додека едната сака да му се одмазди на поранешното момче кое ѝ го уништило животот, другата сака да ѝ се одмазди на поранешната пријателка која ѝ забила нож во грб. Се договараат дкеа ќе се заменат за одмаздата, за никој да не се посомнева во ништо. Филмот има многу забавни сцени и ќе биде еден од оние кои се идеални за да ве насмеат и одморат. На Нетфликс ќе пристигне оваа година, на 6 септември. Освен двете главни актерки, во филмот ќе ги гледаме и Софи Тaрнер (Game of Thrones), Алиша Бое (13 Reasons Why), како и Остин Абрамс (Euphoria).

фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: