Син ѝ е менаџер во американска компанија, ќерка ѝ студира во Холандија: Ова се децата на Јелена Бачиќ Алимпиќ (ФОТО)

Син ѝ е менаџер во американска компанија, ќерка ѝ студира во Холандија: Ова се децата на Јелена Бачиќ Алимпиќ (ФОТО)

Јелена Бачиќ Алимпиќ ја напушти новинарската професија пред повеќе од седум години и се посвети целосно на пишувањето.

Иако е една од омилените автори во регионот, Јелена признава дека нејзиниот син не би имал одговор на прашањето кој роман од мајка му, му е омилен.

- Тешко е да се добие конкретен одговор од Марко бидејќи тој не прочитал ниту еден роман на неговата мајка (се смее).
Што се однесува до 21-годишната Дуња (ќерка на Јелена), сè ѝ се допаѓа, но таа е особено воодушевена од најновиот - рече Бачиќ. 

Додека нејзината ќерка започна да студира во странство, Алимпиќ признава дека сè уште не е навикната на тоа дека не може да ја види кога сака.

- Се плашам од нејзиното враќање во Холандија, иако таму во моментов е многу побезбедно отколку овде, во секоја смисла. Сепак, се плашам дека ситуацијата во која се наоѓаме и која, за жал, ќе трае, ќе ме спречи да одлетам кога копнежот ќе стане неподнослив, но јас го прифаќам тоа - истакна Јелена пред неколку месеци. 

Син ѝ пак, Марко работи како менаџер во американска компанија и одлично му оди. -Живее со девојката. Се радувам на секоја можност да поминуваме време заедно. Моите деца никогаш не сакаа да се појавуваат во медиумите. Точно, на Дуња тоа помалку и пречи, но Марко едноставно не го сака тоа и го почитувам тоа - заклучи Бачиќ.

Јелена ретко споделува фотографии од нив, но деновиве објави една со Марко и Дуња и напиша: „Моите деца, моето најголемо богатство, мојата најголема среќа.“

  

извор:blic.rs

Можеби ќе ве интересира: