Син ѝ исчезнал пред 10 години: Очајна мајка посвоила момче и се шокирала кога дознала дека тоа е нејзиното дете

Син ѝ исчезнал пред 10 години: Очајна мајка посвоила момче и се шокирала кога дознала дека тоа е нејзиното дете

Објавена во: Совети // Семејство

Габриела Суарез посвоила момче, па дознала дека тоа е нејзиниот син кој исчезнал пред 10 години...

Децата се најважното нешто во животот на секој родител, тие се круна на животот. Нѐ учат на безусловна љубов, нѐ прават целосни, нѐ учат да бидеме подобри, позрели и поодговорни.

Габриела Суарез буквално преку ноќ ја доживеала загубата на синот, и во тој момент животот ѝ се променил и ѝ приредил неверојатни работи, ударајќи ја онаму каде што најмногу ја боли. Нејзината судбина е приказна за очајот, трпението и болката.

Таа никогаш не мислела дека еден обичен ден може да се претвори во пекол. Својот син Берард го однела во градинка, без да насети дека еден момент на невнимание ќе направи да остане без својот 3-годишен син. Очајот и неизвесноста веднаш ја обземале и повеќе од 3 часа насекаде безуспешно го барала детето, додека помош при барањето ѝ пружиле и останатите родители.

Деновите на оваа мајка поминувале во очај, додека полицијата безуспешно трагала по момчето. Поминало многу време, веќе 10 години, а неутешната мајка ништо не знаела за својот син.

И покрај времето кое поминало, Габриела никогаш не престанала да мисли на своето момче, цврсто верувајќи дека е жив и дека некаде чека за мајка му повторно да го прегрдне и да му даде топла прегратка.

Таа мислам никогаш не престанала, па дури истата мисла ја оддалечувала од сопругот, сѐ додека не се развеле. Тој таа мисла повеќе ја сметал за опсесија отколку за реалност и конфликтите биле неизбежни.

Се променила и реалноста на Габриела, која со текот на времето се поврзала со здружението за барање на исчезнати деца и прифатилишта. Семејството, пријателите и терапевтите почнале да ѝ сугерираат да почне да размислува за да ја подари таа љубов на друго дете, кое никогаш не би го заменило Бернард, но би можело да ѝ даде друга смисла и охрабрување во животот. Многумина ја советувале да размисли за да посвои уште едно дете.

Бидејќи Габриела посетувала места на кои се наоѓаат деца без родители, запознала едно момче по име Томас, кое ѝ го привлекло вниманието само што го видела. 

Томас на ова место бил неколку години, сметале дека има помеѓу 13 и 14 огдини. Часовите ги поминувал седејќи во некој агол, молчејќи и со цртајќи цртежи.

Бидејќи било логично, Габриела не се двоумела да му пријде и да го започне она што се вика прв пристап, кој почнал со едноставно прашање: „Ќе сакаш ли да ми го покажеш тој убав цртеж?“

Емпатијата помеѓу нив двајца била голема, а поврзаноста се чувствувала во воздухот. Томас ѝ ги покажал сите цртежи на кои била жена со широка насмевка.

Потоа дошло нејзиното прашање: „Кој е тоа?“, на што Томас ѝ одговорил: „Ова е мојата среќна мајка, додека еден ден не се налути, но сакам секогаш да се сеќавам на неа како среќна“. Габриела не се двоумела повторно да праша: „А, каде е сега мајка ти?“, на што тогаш ги навалил рамениците и почнал да плаче, и тогаш еден на друг си дале силна и топла прегратка.

Тој момент бил пресуден за Габриела да одлучи да го посвои и да му ја даде таа огромна љубов која ја имала. Докторот на Томас кажал дека ова е првпат да види дека се смее и дека не е толку отворен пред секој. Потоа низ процесот што требало да помине, започнал нивниот заеднички живот.

Првите моменти биле најтешки, бидејќи Габриела и Томас се навикнувале еден на друг. Меѓутоа, набрзо се зближиле и станале како едно. Томас секојдневно се смеел и почнал да води исполнет живот.

Една вечер Габриела се приближувала до својата соба, а потоа го слушнала Томас како пее песна. Веднаш почнала да плаче и му пришла на момчето, бидејќи знаела за таа песна. Таа песна била приспивната песна која таа ја измислила и која секоја вечер му ја пеела на својот Бернард, пренесуваат шпанските медиуми.

Во Габриела веднаш се разбудил сомнеж, и започнала постапка за ДНК анализа. Нетрпеливо ги чекале резултатите, а потоа дознале дека Томас е всушност Бернард - момчето кое било изгубено пред 10 години.

Постоеле многу прашања, сѐ додека Бернард не ѝ кажал дека го земала некоја жена и откако некое време живеел со нив, еден ден го оставила во домот.

Денес живеат многу среќно заедно и ги завршиле сите процедури за Томас да го добие презимето кое му одговара, со единствена промена - наместо Бернард да продолжи да се вика Томас, бидејќи со ова име израснал и со него го пронашол својот вистински живот, пишува elmundopositivo.com.

фото: Shutterstock

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: