Синот на Брена е вистински домакин: Виктор се подготвува да прави зимница (ФОТО)
Синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Виктор Живојиновиќ деновиве е многу активен на социјалните мрежи, а со својата најнова објава ги изненади сите. Имено, тој покажа каков домаќин е - ги сликал пиперките што ги купил за зимница, и тоа ги ставил на седиштето во својот луксузен автомобил.
Овој негов потег наиде на бројни коментари, а многумина го пофалија дека е примерно момче.
Инаку, Виктор Живојиновиќ пред неколку месеци реши да го промени својот живот од корен и да се посвети на здрава исхрана и вежбање, што вроди со плод.
Тој еднаш имал дури 160 килограми, а Брена признала дека плачела поради неговата дебелина и го молела да се посвети на својот изглед.
- Многу страдав поради тоа. Толку ми беше тешко што плачев – откри пејачката во една прилика.
Фото: Инстаграм