Синот на Дејвид Бекам среде драма: Разголен позираше за магазин, а има само 17 години

Синот на Дејвид Бекам среде драма: Разголен позираше за магазин, а има само 17 години

Објавена во: Мода // Moj стил

Поради тоа што е уште малолетен, луѓето се лути на магазинот...

Истата ситуација се случи и кога малолетната ќерка на Хајди Клум позираше полу-гола за еден магазин. Обожавателите реагираа прилично бурно, а слична приказна се повторува и сега, само што овој пат во прашање е 17-годишниот син на Дејвид Бекам.

Круз Бекам моментално има 17 години, а кога позирал за оваа насловна страница имал 16, факт кој дополнително ја влошува ситуацијата. Се појави на насловната страница на „i-D magazine“ и тоа на фотографии на кои позира разголен, само по долна облека. На обожавателите и читателите тоа не им се допадна. Иако вакви фотографии објавува и на својот Инстаграм профил и не открива интимни делови од телото, луѓето сметаат дека ова е сексуализирање на малолетник и дека такви работи не би смееле да се случуваат и објавуваат на насловни страници, пишува „Mirror“. Да има 18 години, приказната би била сосема поинаква.


Многумина не се чувствуваат удобно поради фактот дека тој на фотката има 16 години, а истата е направена за да биде секси и на тој начин да ги привлече читателите. Ова е многу погрешно во сите погледи. Меѓутоа, Викториа и Дејвид не гледаат ништо лошо во тоа, бидејќи се воодушевени од фотографиите и ги споделија и на социјалните мрежи. Дури и на нивните објави луѓето коментираа дека тоа е погрешно, но и многу тажно.

Истакнаа и дека сигурно реакцијата би била уште побурна доколку станува збор за 16-годишно девојче. Сите би требало да скокнат на нозе, но бидејќи е момче, не е толку страшно. А, би требало да биде, бидејќи без оглед на полот и понатаму станува збор за дете, бидејќи 16 не се многу години. Тоа што изгледа одлично, не значи дека е во ред да се соблекува за во магазин.

фото: cruzbeckham / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: