Синот на Драгана Мирковиќ позираше во теретана: Обожавателките полудеа по неговите мускули (ФОТО)
Марко привлекува внимание со луксузните автомобили, но и изгледот...
Марко, наследникот на пејачката Драгана Мирковиќ и бизнисменот Тони Бјелиќ порасна далеку од очите на јавноста. Меѓутоа, откако се пклучи на Инстаграм, преку ноќ стана ѕвезда на оваа социјална мрежа, но и честа тема во медиумите.
Иако често не објавува фотографии, и не зборува за својот живот, Марко за кратко време собра голем број на следбеници, а благодарение на бројните лајкови и коментарите во кои му се воодушевуваат, можеме да заклучиме дека синот на пејачката е вистински миленик на понежниот пол.
Покрај фотографиите на кои главно ја покажува својата љубов кон автомобилите, Марко своите следбеници повремено ги радува и со селфиња од теретана, што е случај овој пат.
За потсетување, Марко Бјелиќ неодамна го привлече вниманието на јавноста кога сними дел од семејниот возен парк, во кој се наоѓаат повеќе скапоцени автомобили, помеѓу останатото и „Ферари“, чија вредност се проценува на повеќе од 200.000 евра.
фото: Принтскрин / Инстаграм