Синот на Драгана Мирковиќ си ја отвори душата за животот во Австрија: Едно нешто нема да ѝ се допадне на неговата мајка (ФОТО)
Синот на пејачката зборуваше за животот во Виена, но и за многу други работи од неговиот живот...
Пејачката Драгана Мирковиќ од среќниот брак со Тони Бијелиќ ги има синот Марко и ќерката Мануела Бијелиќ, кои со години не се експонираа јавно. Тие живеат во Австрија, заедно со родителите, а за нивните приватни животи, јавноста знае многу малку.
Марко, синот на Драгана неодамна одлучи да направи профил на социјалната мрежа Инстаграм, каде не е многу активен, а јавноста беше изненадена кога виде во какво момче израснал. Марко има само 5 фотографии на својот профил, а она што на сите прво им паѓа во очи е дека е љубител на луксузни автомобили.
Она што јавноста го знае за наследникот на популарната фолкерка, е дека сака музика, дека е обожавател на формула еден, дека има неверојатно високо образование, како и дека е љубител на патувањата и заштитник на својата мајка и сестра Мануела.
Марко сега на воодушевување на јавноста и обожавателите на својата мајка, одговараше на прашањата на своите следбеници на Инстаграм и во таа прилика откри бројни детали од животот, кои ја заинтригираа јавноста.
Наследникот на пејачката на самиот почеток откри дека е роден во 2001 година, и во таа прилика објави своја фотка од детството од плажа. Потоа призна дека неговата сестра Мануела и тој прво научиле да зборуваат српски, а потоа и германски. Она што ги интересираше неговите следбеници е тоа на кој јазик се зборува во нивната куќа, а одговорот ги изненади сите. Имено, Марко откри дека со мајка му разговара на нејзиниот мајчин јазик, додека со татко му на германски.
Откри дека студира на музичката академија во Виена, а потоа го спореди животот во Србија и Австрија.
„Во Србија го сакам народот, хуморот, менталитетот... Додека, во Австрија го сакам редот, културата, здравствениот систем, инфраструктурата, итн.“
Како што вели, висок е 180 сантиметри, а со оглед на тоа што е роден на 24 февруари, Марко е риби во хороскоп и омилена песна од мајка му му е хитот „Печат на уснама“.
Не крие дека е вљубеник во брзите автомобили и формула 1, а со задоволство го вози „Ферари 458 Италија“, на кој цената му се движи од вртоглави 160.000 до 295.000 долари, а најголемата брзина која Марко ја достигнал во текот на возењето е 311 километри на час. Нема сомнеж дека на Драгана ќе ѝ се заврти во главата доколку дознае колку брзо вози нејзиниот син.
За потсетување, таа неодамна зборуваше за трката на Марко, па призна дека тоа воопшто не ѝ се допаѓа.
фото: Принтскрин / Инстаграм