Синот на голманот на Мароко го насмеа светот: Среде интервјуто на татко му го направи најслаткиот потег на Светското првенство (ВИДЕО)
Сѐ можевме да претпоставиме дека ќе направи, освен ова!
Фудбалската репрезентација на Мароко не успеа да се пласира во финалето на Светското првенство во Катар, но воодушеви со своето залагање и борбеност, а добивме и нов фудбалски убавец - Јасин Буну, попознат како Боно.
Голманот на шпанската Севиља и репрезентација на Мароко уште по првиот натпревар стана миленик на дамите, а сега, повторно е во центарот на вниманието, но заради симпатичниот потег на неговиот син Исак.
Имено, ФИФА на својот официјален Твитер профил објави кратко видео кое е направено за време на интервјуто кое Боно го давал по завршувањето на полуфиналниот натпревар со Франција. Голманот зборувал за натпреварот, додека го држел синот во раце, кој бил многу заинтересиран за микрофонот, најпрво го добирал, а потоа се обидувал и да го излиже, мислијќи дека е во прашање сладолед!
Yassine Bounou's son thinking the to be is supremely adorable! #FIFAWorldCup pic.twitter.com/YTorvQwDvM
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) December 14, 2022
Инаку, Јасин Буну од 2016 година е во љубов со мароканската инфлуенсерка Иман. Не е познато кога точно се заколнале на вечна љубов, бидејќи бракот го склопиле на интимна церемонија, а круна на нивната љубов е малиот Исак.
фото: Принтскрин / Твитер