Синот на Харис и Мелина Џиновиќ ја покажа својата девојка: Згодниот Кан ужива во нејзината прегратка (ФОТО)

Синот на Харис и Мелина Џиновиќ ја покажа својата девојка: Згодниот Кан ужива во нејзината прегратка (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Кан има 17 години и игра кошарка, а не е изложен на јавноста како неговите родители и сестрата Џина

Пејачот Харис Џиновиќ и модната дизајнерка Мелина Џиновиќ се во брак со години, а поп-двојката важи за една од најскладните на јавната сцена.

Јавноста веќе е запознаена со животот на нивната ќерка Џина Џиновиќ, која е популарна на социјалната платформа ТикТок, особено кај помладата генерација.


Медиумите многу шпекулираа за нејзиниот приватен живот, а се шпекулираше и дека е во врска со младиот рапер Михајло Веруовиќ Војаж.

Додека Џина е многу активна на социјалните мрежи и речиси секојдневно информира што ѝ се случува во животот, синот на Мелина и Харис, Кан Џиновиќ не сака да се експонира. Синот на фолк ѕвезда и успешен моден дизајнер објавува само понекогаш на својот Инстаграм профил.

Кан има 17 години, игра кошарка, сака сè што им се допаѓа на младите, па наоѓа време и за љубов во напорниот распоред помеѓу училишните и клупските обврски.

На неговата приказна на Инстаграм го видовме во прегратките на мистериозна девојка со која, очигледно, ужива во романтична вечера. Иако е магнет за тинејџерки, насмевката на неговото лице кажува дека во моментов е среќно зафатен.

Не се знае која е неговата избраничка, ниту како реагираат неговите родители на снаата, но нема сомнеж дека како и секогаш го поддржуваат синот.

Извор: 24sedam.rs

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: