Синот на најубавата манекенка го срами семејството каде и да отиде: Менува девојки како чорапи, беше и со несудената снаа на Бекамови

Синот на најубавата манекенка го срами семејството каде и да отиде: Менува девојки како чорапи, беше и со несудената снаа на Бекамови

Објавена во: Совети // Семејство

Фото: profimedia


Се чини дека синот на Синди Крафорд е „црната овца“ во неговото семејство, честопати влегува во неволја и им предизвикува главоболки

Присли Гербер (23) е копија на неговата мајка Синди Крафорд кој тргна по нејзините стапки влегувајќи во светот на манекенството. Младиот Присли во последно време често ги полни медиумските новини со своето проблематично однесување и изглед.

Сепак, овој пат тој го привлече вниманието откако во јавноста се појави со својата девојка. Имено, Присли не можеше да ги контролира страстите и страсно ја бакнуваше својата девојка Лекси Вуд на улиците на Њујорк.

Фото: profimedia

Фото: profimedia

Дека синот на познатата Синди е голем заводник говори и тоа што пред неполн месец покрај себе имаше уште една девојка која набрзо ја замени. Двојката се прошета во лежерно издание, видно расположена, а интересно е што сè уште ја немаат официјализирано својата врска на социјалните мрежи.

Гербер некогаш беше во романтична врска со моделот и инфлуенсер Хана Крос, која исто така се забавуваше со Бруклин Бекам.

За разлика од неговата сестра, која исто така е модел и која е блиска со својата мајка Синди Крафорд, Присли често предизвикува главоболки кај неговото семејство. Често запаѓа во неволја, а во 2019-та година бил фатен поради возење во пијана состојба.

Неговата манекенска кариера доби голем удар по серијата тетоважи, од кои највпечатлива е онаа на неговото лице. Интересно е и тоа што одреден период бил на рехабилитација од дрога.

„Ако мислев дека ова ќе ми го уништи лицето или ако не го сакам ова, немаше да го сторам“, рече тој на Инстаграм „лајв“ во врска со коментарите за неговата контроверзна тетоважа, додавајќи:

„Пишува „несфатен“ затоа што така се чувствувал цел живот. Еб*** се ако не ви се допаѓа."


Поради психичките проблеми, семејството на секој начин се обидувало да му помогне, а во последно време се чини дека се враќа на вистинскиот пат. Така, на крајот на минатата година бил виден пред центар за отстранување тетоважи каде го тргнал натписот на образот.

Инаку, сега најмногу му помага на татко му во семејниот ресторан, а го привлекува и фотографијата во која според модните експерти е многу добар. Во една прилика истакна дека и самиот би сакал посериозно да се занимава со кетеринг, и да отвори кафеана или клуб во Њујорк.

Извор: стил.курир.рс

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: