Синот на Нина и Борко Ристовски наполни 5 години: Душан доби роденденска забава со омилените суперхерои (ФОТО)
Првата рожба на легендарниот голман на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски и неговата сопруга Нина наполни 5 години.
Душан дувна пет свеќички во присуство на омилените цртани јунаци и другарчињата.
„Денес е мој најголем празник. Мојата љубов полни 5 години. Те обожавам сонце мое, ти благодарам за секој миг“ - напиша гордата мајка покрај фотографиите од Душан од неговата роденденска прослава, но имаше и фотки на кои славеникот е помал.
Инаку, Душан за прославата имаше многу интересна торта на два спрата со ликот од филмот Маска. А за забавата да биде уште поубава се погрижиле и аниматори облечени во Спајдермен и Капетан Америка.
Фото: Принтскрин / Инстаграм